12 симптоми кои укажуваат дека можеби имате шеќер во крвта 1

12 симптоми кои укажуваат на покачен шеќер во крвта

Дијабетечарите не се единствените кои имаат високо ниво на шеќер во крвта. Секоја личност може да има проблем со шеќерот, а воопшто и да не е свесна за тоа. Високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика многу голема штета на нервите, крвните садови и на органите.

Во продолжение, дознајте кои се симптомите кои укажуваат на тоа дека можеби имате зголемено ниво на шеќер во крвта. А, кога еднаш ќе ја дијагностицирате оваа состојба ќе знаете што да преземете за да ги спречите можните компликации од оваа подмолна болест.

12 симптоми кои укажуваат дека можеби имате шеќер во крвта 2

Зголемен замор

Кога е зголемено нивото на шеќер во крвта, телото не е во способност правилно да ја апсорбира и складира глукозата што доведува до тоа лицето кое страда од оваа состојба да се чувствува уморно без причина.

Често уринирање

Кога се зголемува нивото на шеќер во крвта, бубрезите не може да ја апсорбираат течноста што доведува до зголемена потреба за уринирање.

Сува уста и зголемено чувство на жед

Сувата уста и константното чувство на жед, се појавуваат како резултат на зголемено губење на течностите. Хипоталамусот кој го проценува нивото на дехидратација и го предизвикува чувството на жед, му праќа сигнали на мозокот. Затоа, под овие околности секогаш е најдобро кога ќе чувствувате жед да се напиете вода.

Константно чувство на глад

Високото ниво на шеќер  во крвта ја оневозможува глукозата да навлезе во клетките. Како резултат на тоа, телото не добива доволно количество на енергија и константно има недостиг на храна.

Губење на телесна тежина

Еве кои се причините поради кои се губи тежина кога е покачено нивото на шеќер во крвта:

  • Губењето на течности заради почестото уринирање доведува до ниско ниво на течности во целиот организам, а тоа резултира со намалување на телесната тежина.
  • Кога нивото на инсулин не е доволно за да ја метаболизира гликозата, телото почнува да ги согорува мастите.
  • Поради високото ниво на глукоза, телото троши многу калории за да произведе поголема количина на урина и на тој начин да се ослободи од вишокот на шеќер.

Појава на инфективни заболувања

Големата количина на шеќер создава идеална околина за размножување на квасните бактерии, што доведува до габични и уринарни инфекции.

Појава на сува кожа

Сувата кожа може да биде поврзана со високо ниво на шеќер во крвта од повеќе причини и тоа:

  • Зголеменото уринирање го дехидрира телото до таа мерка што кожата ќе почне да се суши.
  • Проблемите со кожата на нозете може да се знак за артериосклероза. Оваа болест е честа кај дијабетичарите.
  • Оштетувањето на нервите може да ја наруши нормалната функција на потните жлезди, кои влијаат на влажноста на кожата.

Проблеми со концентрацијата

Високото ниво на шеќер ја спречува глукозата да навлезе во мозочните клетки. Ова влијае на брзината на размислување и донесување на одлуки.

Проблеми со видот

Замаглениот вид е резултат на дехидратацијата која се јавува поради зголеменото ниво на шеќер во крвта. Дехидратацијата влијае и на клетките на очите и како резултат на тоа тие се деформираат и окото ја губи својата способност за правилно фокусирање.

Бавно зараснување на рани и исеченици

Ова се случува поради васкуларното оштетување кое се појавува како резултат на високото ниво на шеќер во крвта.

Намалено либидо

Високото ниво на шеќер во крвта негативно влијае на нервите, на протокот на крвта и правилната рамнотежа на хормоните. Како резултат на тоа кај лицата со зголемен шеќер се намалува либидото.

Раздразливост

Според некои истражувања, лицата со високо ниво на шеќер се вознемирени, раздразливи и во некои случаеви депресивни. Мозокот има потреба постојано да се снабдува со еднаква количина на гликоза, па наглите скокови на нивото на шеќер може негативно да влијаат врз неговата правилна функција.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници кои го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

Сподели: