Спанаќот го има во изобилство на пазарите, а цената е многу достапна. Па, затоа набавете си спанаќ и направете ги највкусните јадења. Ви претставуваме листа на 17 испробани рецепти со спанаќ.
Спанаќот претставува темно-зелен листест зеленчук кој потекнува од Југоисточна Азија. Како храна и извор на голем број хранливи материи, со векови наназад се користи во Азија додека во Европа започнал да се одгледува во осмиот век од нашата ера. Спанаќот содржи холин и инозитол, а тоа се супстанции кои помагаат во спречување на артериосклероза или појава на задебелување и стврднување на ѕидовите на артериите. Помага во стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта, што е посебно важно за дијабетичарите. Извор е на голема количина на витамините C и А, што го прави да биде познат како зеленчук против стареење.
Изберете ги вашите омилени рецепти, а штом ги пробате очекуваме да ни напишете во коментар како ви се допаднале.

- Печени палачинки со фил од спанаќ и урда
- Декоративна погача со сирење и спанаќ
- Печен спанаќ со јајца и суви пиперки
- Солена торта со спанаќ и урда без глутен
- Домашни кори со спанаќ (рецепт за јуфки)
- Солени мафини со спанаќ и сирење
- Сончоглед погача со спанаќ и сирење
- Полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење
- Солен ролат со спанаќ и сирење
- Солен ролат од спанаќ
- Брза пита со спанаќ и сирење
- Вегетаријански плескавици од спанаќ и маслинки
- Макарони во сос од пилешко, печурки и спанаќ.
Посни рецепти со спанаќ
За љубителите на посни рецепти, имаме одлични предлози за куглоф, мазник, ориз и макарони со спанаќ.