расцветени краеви на косата

2 природни маски против расцветени краеви на косата

Не трошете ги залудно парите на скапи препарати кои ветуваат дека на чудотворен начин ќе ја регенерираат косата и ќе ги измазнат расцветените врвови на влакното. Тој дел од косата кој веќе еднаш се оштетил секако мора да се скрати. Но, доколку постојано ја кратите косата и не можете да го подобрите изгледот, време е да преземете мерки. Пробајте ги двете природни маски кои може да ви помогнат против непосакуваните расцветени краеви на косата.

Кога косата почнала да се оштетува, потребно е да се запре понатамошното нејзино расцветување со тоа што длабински ќе ја навлажните и негувате со маска за коса. Сепак, освен скапоцените маски за коса кои чинат цело богатство, постојат и некои едноставни домашни маски кои може да помогнат во процесот на зацврстување на оштетената коса.

расцветени краеви на косата

Домашна маска за коса со мед и сурутка

Медот се смета за најголемиот подарок што ни го нуди природата. Тој се користи илијадници години за различни намени. Ја прави косата да биде мека и нежна, a често се користи во домашната козметика.

Состојки:

  • 1 лажица мед
  • ½ чаша сурутка

Подготовка и начин на употреба:

  1. Двете состојки добро измешајте ги додека добиете хомогена смеса.
  2. Вака подготвената смеса втријте ја на врвовите на косата со цел добро да се впие течноста.
  3. Потоа нанесете ја врз целата коса. Оставете ја маската да дејствува околу 20 минути, па темелно исплакнете ја косата со вода без да користите шампон.

Домашен третман за коса со млеко 

Состојки:

  • 1 лажица полномасна павлака
  • 1 чаша млеко

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во длабок сад добро промешајте ги павлаката и млекото.
  2. Вака подготвената смеса нанесете ја врз косата. Особено внимание обрнете на врвовите.
  3. Оставете го третманот да дејствува околу 15 минути, па темелно измијте ја косата.

А доколку ги пробате овие маски за коса, не заборавајте да ни пишете. Споделете го со нас вашето искуство за нега на косата, кој третман ви се допаднал и како ја одржувате убавата и здрава коса.

Ви предлагаме да прочитате: Регенерирачка маска од мајонез за сува и оштетена коса.

Сподели: