природни маски против сува кожа

2 природни маски против сува кожа

Да се има блескава, здрава и сјајна кожа е навистина тешко, бидејќи бара посебна нега, особено во студениот период кога кожата станува дехидрирана и ја губи својата еластичност и сјај. Ова особено го знаат оние кои имаат сува кожа.

За кожата на рацете и лицето да биде секогаш мека, можете да користите и природни маски кои сами ќе ги подготвите. За да ви помогнеме ви споделуваме 2 домашни маски против сува кожа кои можете да ги практикувате неколку пати во неделата со цел да ја обезбедите потребната хидратација на вашата кожа.

природни маски против сува кожа

Природна маска против сува кожа со кисело млеко и квасец

Состојки:

  • 2 полни лажички кисело млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1-2 лажици рендана краставица.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во порцеланска или стаклена чинија измешајте го киселото млеко со маслиновото масло.
  2. Потоа, додајте го свежиот квасец и ренданата краставица. Добро измешајте.
  3. Вака припремената маска ставете ја во фрижидер околу половина час, за да се стегне и да се зголеми нејзината вискозност.
  4. Ладната маска нанесете ја на рацете или на лицето и оставете ја да делува околу 5 до 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Исушете ги со крпа и нанесете хидратантен/витамински крем.

За да забележите резултати, нанесувајте ја маската барем 3 денови со ред.

Природна маска против сува кожа со лимон и јогурт

Состојки:

  • 120 мл јогурт
  • сок од 1 цеден лимон.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во сад убаво измешајте ги состојките.
  2. Со добиената смеса намачкајте ги рацете и лицето, нежно измасирајте и оставете да делува најмалку 10 минути. Ако го повторувате третманот секој ден, ќе забележите дека природната маска ја завршила својата функција и кожата ви е многу помека и понежна од порано.

Ви предлагаме да прочитате: Пилинг од кафе против целулит и сува кожа.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: