правила за појадок

3 правила за појадок кои мора да ги почитувате

Ако сакате да го намалите вишокот на килограми или да ја одржите посакуваната телесна тежина,  постојат три едноставни правила за појадок на кои треба да се придржувате.

Појадувајте штом станете

Ако сте дел од многумината кои јадат поголема количина на храна во вечерните часови, а наутро не појадуваат, тогаш време е да ја смените оваа навика. Истражувањата потврдиле дека појадокот го активира метаболизмот и помага да не се чувствувате гладни во текот на денот. Накратко речено, ако појадувате штом станете, телесниот метаболизам ќе се забрза, со што побрзо ќе се согоруваат наталожените масти. Важно е да знаете дека редовен здрав појадок е клучен во секоја возраст, а посебно за децата.

правила за појадок

Појадувајте обилно

Не се плашете да се најадите убаво за време на појадокот. Ако појадувате малку, најверојатно до ручекот ќе изедете поголема количина на грицки и десерти кои се многу калорични, а нутритивно лоши. Подобро изберете здрав, хранливо богат појадок, кој содржи растителни влакна, масти и протеини, а помалку шеќери. Ваквиот појадок ќе ве држи сити до покасно. Еден таков пример е половина авокадо со пржено јајце, послужено со парче бесквасен интегрален леб. Исто така, изберете еден од 4-те предлози за здрав појадок и започенете го денот полни со енергија.

Најдете ја права мерка за вас

Појадокот треба да ве засити, но сепак пазете да не претерате со количината. Ако по појадокот се чувствувате тромо и поспано, наместо полни со енергија, најверојатно јадете повеќе. Сами одредете ја вашата мерка и не ги следете општите препораки, затоа што секој е различен. Ако е потребно, експериментирајте со различни врсти на појадок и количини додека пронајдете што е она што ве држи сити барем до 2-3 часот попладне.

Каков е вашиот утрински ритуал? Појадувате или денот го започнувате со кафе?

Ви предлагаме да прочитате: 4 предлози за здрав појадок.

Сподели: