придобивк од консумација на хималајска сол

4 здравствени придобивки од консумацијата на хималајска сол

Во денешно време на пазарот има голем избор на различни видови на сол, па често се запрашуваме која е поздрава за консумација. Секоја од нив си има свои предности, а во последно време се почесто посегнуваме по хималајската сол. Тоа не е без причина! Ви откриваме 4 здравствени придобивки од консумацијата на хималајска сол за кои веруваме дека не сте слушнале и ќе ве интересираат.

Хималајската сол се создала пред околу 250 милиони години во подножјето во најголемиот енергетски центар на Земјата – Хималаите. Во овој период планетата Земја била совршен екосистем, па затоа хималајската сол се смета за најздрава и најчиста сол на планетата. Оваа кристална сол се создала со сушење на праисториското море во кое настанал животот на планетата, прекриена со лава која перфектно ја сочувала нејзината структура. Благодарение на хранливиот состав, хималајската сол има многубројни здравствени придобивки. Најзначајните четири придобивки кои често ги споменуваат нутриционистите се:

придобивки од консумација на хималајска сол

Помага при респираторни проблеми

Според институтот за белодробни заболувања, солта е антибактериска, антиинфламаторна, ја намалува прекумерната слуз и ги отстранува патогените микроорганизми во воздухот. Со цел да се искористат овие придобивки од хималајската сол, денес ширум светот има изградено пештери од хималајска сол. Овој природен третман се нарекува халотерапија, а е добиен од грчкиот збор „халос“ кој значи сол. Некои истражувања покажале дека оваа терапија е мошне ефикасна за лекување на хроничен бронхитис.

Ја регулира pH вредноста во телото

Хималајската сол изобилува со минерали кои може да помогнат во регулацијата на pH вредноста во телото. Правилната pH вредност го поттикнува имунитетот и доброто варење на храната. Бидејќи солта содржи натриум како и некои други електролити, таа има директен ефект и врз pH вредноста на крвта.

Ја подобрува дигестијата на храната

Според некои истражувачи секојдневната употреба на хималајската сол:

  • ја стимулира перисталтиката на органите за варење
  • ги балансира стомачните киселини
  • го поддржува производството на дигестивни ензими во црниот дроб и панкреасот
  • го регулира метаболизмот
  • го хармонизира киселинско-алкалниот баланс.

Го подобрува сонот

Хималајската сол поттикнува добар и мирен сон поради високата концентрација на минерали кои ги содржи. Можеби е тешко да се поверува, но консумирањето на доволно количество на сол е всушност клучот за добар одмор и мирна ноќ. Едно истражување спроведено во 1989 година покажало дека исхраната која содржи ниско ниво на натриум може да предизвика нарушување на сонот. Иако, оваа студија не била обемна, резултатите кои биле добиени од неа биле навистина интересни. Учесниците кои добивале храна со ниско ниво на натриум се буделе во текот на ноќта речиси двојно почесто, од оние кои се хранеле нормално и добивале 2000 мг натриум на ден. Додека пак, оние учесници кои примиле високо ниво на натриум од 5000 мг на ден спиеле најмногу, со најмалку будења во текот на ноќта. Секако ова не значи дека треба да претерувате со консумацијата на сол, но добро е да се знае дека избегнувањето на солта може да предизвика проблеми со спиењето.

Колкава количина на хималајска сол е потребна секој ден?

За да ги искористите здравствените придобивки и да ги задоволите потребите на организмот му се потребни 500 мг на натриум на ден или ¼ мала лажичка хималајска сол. Експертите препорачуваат да не се консумираат повеќе од 2500 мг натриум на ден или 1 1/4 мала лажичка на ден.

Ви препорачуваме да прочитате: 16 начини да употребите сол за чистење на цела куќа.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: