4 придобивки од внесување на триптофан во исхраната 1

4 придобивки од внесување на триптофан во исхраната

Постигнувањето на баланс во организмот не е едноставен процес.  А за да може да ни го даде и овозможи најдоброто, ние треба да „соработуваме“ со него, да ги „слушаме“ неговите потреби, да го храниме и негуваме. Еден од начините да го негуваме организмот е да внимаваме што и како внесуваме, кои намирници му користат, а кои му штетат, како и што е тоа што го поддржува и чува неговото здравје. Токму затоа, ве запознаваме со важноста за внесување на триптофан како дел од исхраната и користа за телото од истиот.

Знаете ли што претставува и зошто е важен? Сте слушнале ли досега за триптофан (L-Tryptophan)? – Ако немате одговори на овие прашања, продолжете со читање на текстот до крај, ќе ви користи.

 L-Tryptophan е амино киселина, една од околу 20, која е важна за да се формира протеин. Како што знаете, аминокиселините и протеините важат за градбени единици на нашето тело. При тоа, L-Tryptophan е една од деветте аминокиселини кои нашето тело не може да ги произведува, па оттука е позната и како есенцијална аминокиселина. Тоа значи дека, за организмот да може да ја користи, мора да се внесе од надвор или преку исхраната. Аминокиселините му се потребни на телото поради разни причини, а во оваа содржина ќе ги разгледаме најважните неколку придобивки од L-Tryptophan.

4 придобивки од внесување на триптофан во исхраната 1

Го регулира расположението

L-Tryptophan е критична аминокиселина за телото да може да го создаде хормонот на „среќата“ – серотонин, кој помага за зачувување на мирот и постигнување на опуштеност. Повеќе лекови кои се користат за третирање на депресија, делуваат преку зголемување на нивото на серотонин во мозокот. Телото го користи триптофанот за да креира 5-хидрокситриптофан (5-HTP), кој подоцна се трансформира во серотонин. Едно истражување вели дека земањето на триптофан во форма на 5-HTP како суплемент има мал удел во третирање на депресијата, додека се смета дека земањето на L-Tryptophan како суплемент има поизразено влијание. Освен ова, истражувањето покажало дека зголеменото ниво на серотонин, ефективно влијае врз намалување на предменструалниот синдром и неговите симптоми.

Го помага слабеењето

Серотонинот е хормон кој се поврзува и со слабеењето. Посебно важно е што се смета дека го намалува интензитетот на апетитот и желбата за јаглени хидрати. Според истражувањата направени во медицинското училиште во Харвард, серотонинот влијае за лицата да се чувствуваат сити и помага за намален внес на храна. Всушност, серотонин-плус програмата за слабеење има цел да го зголеми нивото на серотонин и да ја намали желбата за слатка храна, што на учесниците им овозможува да се фокусираат на јадењето протеини. А протеините, како што знаеме се задолжени за чувство на ситост.

Ви препорачуваме да прочитате и: 4 совети против целулит и за полесно слабеење.

Го намалува нивото на холестерол

Телото го употребува L-Tryptophan за да произведе ниацин – Б3 витаминот, кој помага за зголемување на нивото на добар холестерол и намалување на нивото на лош холестерол. Исто така, телото го користи ниацинот за претворање на јаглените хидрати во енергија, како и за да го одржува здравјето на дигестивниот систем, кожата, косата и очите. При тоа, триптофанот  има потреба од железо, рибофлавин и витамин Б6 за да произведе ниацин.

Го поддржува растот и развојот кај бебињата

Според Националниот институт за храна на САД, „L-Tryptophan е есенцијална за нормалниот раст и развој на новороденчињата. Оваа аминокиселина има клучна улога во растот и развојот на мозокот кај новороденчето. Исто така влијае врз неуробихејвиоралното внесување на храна, способноста за чувство на ситост и ритамот на сон и будност.“

Совет плус: Бидејќи често пати не може да се задоволат потребите на организмот само преку храната, ви препорачуваме да ги посетите поголемите аптеки или онлајн продавницата на Тримекс и да побарате L-Tryptophan. Станува збор за додаток во исхраната, кој е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира заради што, мора да се внесува преку храната или преку суплементација. L-Tryptophan е важна за производство на хормонот на среќата – серотонин ихормонот на спиењето мелатонин, кои помагаат во поддршка на позитивното расположение, здравиот сон и правилната функција на имунолошкиот систем.

Ако сакате да го земете суплементот препорачуваме да се консултирате со својот лекар. А, за дополнителни информации и консултации во врска со неговите својства, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 лесни совети како да се ослободите од стресот и анксиозноста.

*Спонзориран текст.

Сподели: