недостаток на јаглени хидрати

4 симптоми на недостаток на јаглени хидрати

Во денешниот свет, многу често јаглените хидрати се сметаат за непријатели. Меѓутоа, тоа е далеку од вистината. Протеините и здравите масти треба да бидат во рамнотежа со јаглените хидрати, а отфрлањето на јагленохидратите од исхраната може да доведе да не ја добивате потребната енергија за да може да го одржите физичкото здравје и менталната активност. Ако сте на режим на исхрана и забележите некој од следните симптоми, можеби тоа е знак дека имате недостаток на јаглени хидрати. 

недостаток на јагленихидрати

Цело време сте многу уморни

Спрема зборовите на Ешли Рајт, нутриционист од здравствената установа Orladno Health, ако немате доволно енергија и сила, можеби ви е потребно да го зголемете внесот на јаглени хидрати. Јаглените хидрати се главен извор на енергија на организмот и тие први се трошат. Елиминирањето на премногу јаглени хидрати од исхраната може да доведат до летаргија и исцрпеност.

Лошо варење на храната

„Кога елиминирате премногу јаглени хидрати, на вашиот организам му недостасуваат важни извори на растителни влакна во исхраната“, кажува Рајт. Тука спаѓаат свежото овошје, мешунките и житарките во цело зрно. Растителните влакна се од суштинско значење за добро варење, контролирање на шеќерот во крвта и холестеролот. Ако имате проблем со стомакот и имате проблем со варењето на храната, размислете за зголемување на внесот на здрави јаглени хидрати, богати со растителни влакна. Сигурно сакате да ги намалите килограмите и затоа ги избегнувате јагленохидратите. Но, може да се слабее и со соодветен внес на јаглени хидрати преку балансирани оброци. Притоа, најважно е да внимавате на појадокот кој треба да биде балансиран. Наутро може да си направите оброк кој овозможува избалансиран внес на хранливи материи (протеини, јагенихидрати, витамини и минерали).

Многу сте гладни

Добро балансираниот оброк, подразбира јаглени хидрати, протеини и здрави извори на масти. Може да ви помогне да бидете сити и задоволни, како и да не бидете гладни измеѓу оброците. Дали чувствувате глад после ужина без јагленихидрати? Ако вашиот одговор е позитивен пробајте за ужина да внесете јагленихидрати и протеини, како што е јаболко со природен путер од кикирики. Ќе забележите дека оваа комбинација ќе ве направи сити помеѓу оброците.

Имате ниско ниво на шеќер во крвта

Дали чувствувате тресење, вртоглавица и болки во главата? – Кога не јадете јаглени хидрати, сте изложени на ризик од пад на нивото на шеќер во крвта во текот на денот. Постојаното внесување на здрави јагленихидрати со секој оброк е од клучно значење за стабилност на шеќерот во крвта.

Ви предлагаме да прочитате: Дали јаглените хидрати се причина за дебелеење?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: