Оваа година, разубавете го домот со велигденски кошнички и декорации создадени од вашите раце. Препуштете ѝ се на фантазијата, направете нешто поинакво од секогаш и воодушевете ги вашите најблиски со креативноста.
Еве неколку велигденски декорации кои може да ви послужат како испирирација или да ви дадат идеја при уредувањето на вашиот дом за велигденските празници:
Велигденска кошничка од макарони
Остана уште многу малку време до почетокот на велигденските празници, па време е да си направиме нешто креативно кое на домот ќе му даде празнична магија. Еве што ви е потребно да да направите велигденска кошничка од макарони:
- балон
- сликарска четка
- макарони
- тестенини во облик на школка
- лепило
- лак во црвена боја
- пинцета
- жолта боја во спреј
- фломастер
- силиконски пиштол
- основа од потрошена креп трака
- хартија во зелена боја.
Постапката за изработката на велигденската кошничка од макарони е погледнете ја тука, а на вас останува само да ги следите чекорите кои се прикажани во него. Крајниот резултат е навистина прекрасен, вреди да се обидете.
Mала велигденска кошничка
Креативен проект за убави велигденски празници. Поканете ги најмалите и уживајте во креирањето на мала велигденска кошничка.
Потребни ви се:
- картонска хартија од кујнски бришачи
- скалпел
- лепило
- мало јаже од коноп
- ножици
- картон
- чепкалка за уши
- украсна лента.
Постапката за изработка на малата велигденска кошничка погледнете ја тука.
Декорација на салфетки – Велигденско зајаче
За Велигденските празници, родендени или други свечености, трпезата декорирајте ја со салфетки во форма на зајаче. Лесни се за правење, а сигурно сите ќе бидат изненадени од вашата креативност. Може да користите салфетки во различни бои, со што ќе добиете шарена и весела трпеза, на која најповеќе би се радувале најмалите.
Постапката за правење салфетки во форма на зајаче погледнете ја тука.
Велигденско јајце со чоколадни бонбони
Како интересен предлог за декорација на велигденската трпеза ви предлагаме сами да направите оригинално и несекојдневно велигденско јајце со чоколадни бонбони. Велигденската декорацијата може да виси на посакуваните места, да ја ставите во кошница или на масата. Потребни ви се балон, конец, лепило, прехранбени бои, чоколадни бонбони, малку слободно време и трпение, а резултатите ќе бидат одлични.
Подготовката на велигденското јајце со чоколадни бонбони може да погледнете ја тука.
Велигденска торбичка – зајаче
За вашите најмали и најмили имаме една идеја за велигденска торбичка во форма на зајаче која може да ја наполните со чоколадни јајца, а бескрајно ќе ги израдувате.
Постапката за правење на велигденска торбичка погледнете ја тука.
Ви препорачуваме да прочитате: Велигденски јајца на 3 начини.