Секој сака убава насмевка, нели?! Ако се грижите за здравјето на вашите заби и сакате да бидат бели и чисти, покрај секојдневната лична хигиена и редовна посета на стоматолог, важно е да знаете кои намирници се одлична храна за здрави заби.
Веројатно веќе знаете дека одредена храна како што се шеќерите и преработената храна, неповолно влијаат врз здравјето на забите, а дали знаете кои намирници можат да ја разубават вашата насмевка? Еве кои 5 намирници се одлична храна за здрави заби и пријатели на прекрасната насмевка на вашето лице.

Сирење
Консумирањето на сирење и другите млечни производи може да помогне во спречување на појавата на кариесот. Тајната е во посебниот состав на сирењето кој го спречува негативното влијание на киселините врз забите.
Јогурт
Јогуртот го одржува здравјето на непцата, ги зајакнува забите и помага за оптимално одржување и рамнотежа на киселините во усната шуплина, а добро е да знаете дека го неутрализира лошиот здив. Пробиотиците кои се добри бактерии и се среќаваат во јогуртот го успоруваат настанувањето на кариесот, а се препорачува консумација на полномасен или пробиотски јогурт, бидејќи во нивниот состав количината на пробиотици е најголема.
Јаболка
Ова сочно овошје не само што е добро за вашите забите, туку е и одличен борец против непријатниот здив. Природните растителни влакна кои се наоѓаат во јаболката го чистат јазикот и непцата, а ги отстрануваат и забните наслаги, дамките од кафе или од остатоците од друга храна и некои напитоци врз површината на забите.
Брокула
Овој зеленчук делива поволно на вашите заби на 2 начини, ја чува белата убава боја на забите, а железото во нејзиниот состав создава дополнителна бариера од киселини во усната шуплини. Брокулата е богата со витамин Ц, а е одличен извор на калциум, витамин Б2 и фолна киселина.
Ананас
Ананасот е прекрасно овошје кое содржи ензим наречен бромелин, кој е многу лековит, а на усната шуплина и помага во смирување на воспаленијата и отстранување на наслагите. Исто така, во неговиот состав има киселина која е корисна за здравјето на непцата и забите.