Сигурно имате слушнато или прочитано која храна се препорачува да се консумира при анемија, а многу малку се знае кои намирници треба да се избегнуваат при намален хемоглобин и железо во крвта. Тоа беше наша мотивација за ново истражување и збогатување на знаењето на сите! – Познато е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, но некои намирници кои се богати со калциум или кофеин може негативно да влијаат на неговата искористеност. Во продолжение дознајте кои намирници треба да ги избегнувате при анемија.
Кои се причини за појава на анемија?
Нискиот хемоглобин е најчестиот знак за анемија, која настанува како резултат на недостаток на:
- фолна киселина
- железо
- витамин Б12
- обилни крварења.
Недостатокот на хемоглобин може да биде последица и на развој на канцерогени клетки, заболувања на бубрезите, а може да се јави и кај лица кои подолго време примале инфузии. Покрај тоа што треба да се открие причината која довела до анемија и истата да се елиминира, подеднакво е важно и да се внимава на храната која се консумира. Во исхраната треба да се вклучат намирници кои ја поддржуваат апсорпцијата на железото, а да се елиминираат или ограничат храните и пијалаците кои влијаат негативно и го инхибираат неговото врзувањето во крвта.
Може да ве интересира: Витамин Б-2 против главоболка и анемија.
Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо
Веќе споменавме дека витаминот Ц е многу важен за подобра апсорпција на железото. Можете да исцедете лимон во вашиот ладен чај или да ја зачинете салатата со свежо цеден лимонов сок. Покрај тоа, може да земете суплементи со витамин Ц. Од суплементите со витамин Ц го препорачуваме AlphaSorb-C. Станува збор за најдобар извор на некиселинска форма на витамин Ц, кој има 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц и 300% зголемена биорасположливост. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. NOW® AlphaSorb-C® вклучува Transport C-PLUS®, патентирана комбинација на подобрена треонска киселина, алфа липоична киселина, рутин, шипка и ацерола. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.
Дознајте кои се 6-те најдобри извори на железо и вклучете ги во исхраната.
Калциумот може да ја намали апсорпцијата на железото во крвта
Иако има бројни придобивки за здравјето, калциумот може да ја намали апсорпцијата на железото во крвта, па затоа не се препорачува во голема мера, во исхраната на лица кои имаат анемија. Доколку вашиот лекар ви има препорачано суплементи со калциум, најдобро е да ги консумирате во различно време од суплементите со железо. Притоа внимавајте и на намирниците кои се богати со калциум. Кога консумирате намирници богати со железо немојте да ги мешате со млечни производи кои се еден од најдобрите извори на калциум.
Намирници кои треба да се избегнуваат… или не?
Спанаќот содржи оксална киселина која го врзува железото и спречува негово искористување
Штом се спомене анемија и храна, сигурно прво на ум ви иде спанаќ. – Да, спанаќот изобилува со железо, но содржи оксална киселина која може да се врзи со железото и да го спречи телото да го искористи истото. Иако спанаќот ја инхибира апсорпцијата на железото (содржи и калциум), тоа е минимално, па може слободно да се консумира во умерени количини.
Дали виното ја намалува апсорпцијата на железото?
Ако сте љубител на вино, треба да знаете дека црвеното вино ја намалува искористливоста на железото повеќе од белото. Затоа консумирајте го разумно и во умерени количини.
Кофеинот од кафето неповолно влијае врз апсорпцијата на железото
Кафето сериозно може да ја намали апсорпцијата на железото, но само доколку се пие заедно или кратко после оброкот. Ако не можете да се откажете од омилениот напиток, пијте го 1 час пред оброкот или меѓу оброците.
Црниот и зелениот чај пијте ги меѓу оброците
Хербалните чаеви како црниот и зелениот чај може да влијаат врз апсорпцијата на железото од храната со растително потекло, но не и од месото. Затоа, секогаш чаевите пијте ги меѓу оброците.
Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina Pacifica е супер храна против анемија.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.