Во деновите кога се строги пости, може да ги направите и дегустирате овие посни рецепти без масло. Во таквите денови, на сите нас ни користат креативни идеи за да пробаме нешто ново и да ја „срушиме“ рутината, па ако имате некоја ваша испробана идеја слободно споделете со нас.
Може да ве интересира: Брза посна торта со мармалад и ореви.

Домашни посни лепчиња без масло
Мирисот на топлите печени лепчиња ја исполнува куќата со прекрасна арома и ретко кој може да одолее и да не проба. И благодариме на Катерина за прекрасниот рецепт кој го сподели со нас, а ни преостанува уште да ги направиме и дегустираме со семејството и пријателите. Прочитајте го тука.
Посни бомбици од ориз без масло
Оваа супер идеја ни доаѓа од нашата пријателка Диана. Подготовката на бомбиците е едноставна. Овие мали солени топчиња совршено би се вклопиле на сечија трпеза, без разлика дали станува збор за свечена или пак имате желба да ги послужите како мезе. Посни, вегански, без глутен, а рецептот може да го прочитате тука.
Посна чорба од компири, грашок и морков – без масло
Ги обожаваме рецептите на Невена и со радост ги споделуваме со вас! Еве еден предлог за вкусна посна чорба од компири, грашок и морков, и тоа подготвена без масло. Прочитајте тука како да си ја направите и дома.
Посна чоколадна торта без масло
Со едноставни состојки до супер чоколадна торта! Ако постите, сте веган или сакате да направите лесна торта со само неколку состојки кои ги имате во вашата кујна ви предлагаме да ја пробате посната чоколадна торта без масло. И овој пат Невена ни испрати брз и едноставен рецепт за посна чоколадна торта, а ние и благодариме за одличната фотографија и споделениот рецепт.
Посна алва (без масло)
Погодна за секој вкус, посна алва која може да се јаде и за време на пост на вода. Рецептот е на линков, а вкусот и е многу добар. Се прави брзо и лесно и е супер ако се подготвувате за пречек на гости, за слави, за имендени, за родендени и за други свечени поводи, бидејќи покрај тоа што е извонредно вкусна, истовремено е и декоративна, па така ќе бидат задоволени вкусовите дури и на најпребирливите.
Ви препорачуваме да прочитате: Посно селско лепче со ржано и бело брашно.