Еден од омилените зелени зеленчуци кои им даваат посебен вкус на салатите и свежина на организмот се краставиците. Тие содржат 95% вода, што ги прави идеална храна за хидратација на телото во топлите денови.
Нутритивни вредности на краставиците
Краставиците имаат малку калории, а богати се со растителни влакна, па доколку сакате да ги намалите килограмите, тогаш се една од најдобрите храни кои ќе ви помогнат. Ако сте во потрага по рецепти кои се приготвуваат со храна која има малку калории, а многу минерали и витамини, не заборавајте на вкусните салати од краставици.
Една краставица (300 грама) во просек содржи:
- 45 калории
- 2 грама растителни влакна
- 2 грама протеини
- 4 mcg витамин К, со што се задоволуваат 62% од дневните потреби на организмот за овој витамин
- 442 mg калиум, со што се задоволуваат 13% од дневните потреби на организмот за овој минерал.

Здравствени придобивки од краставиците
Ги намалуваат темните кругови и отокот околу очите
Насекаде во светот како природен метод за намалување на отокот и темните кругови околу очите, се користат краставиците. Исечете две парчиња краставици и поставете ги врз очите. Или натопете две топчиња памук во сок од краставици и ставете ги на очите за време од 15 минути. Краставиците ќе ги освежат вашите уморни очи и ќе се погрижат за темните кругови!
Богати се со силициум
Краставиците се есенцијални за здрава кожа и нокти, благодарение на силициумот кој го содржат. Покрај тоа, тие се идеална храна која помага за зголемување на цврстината на коските и на тој начин превенираат од појава на остеопороза.
Превенираат појава на дијабетес
Храната која содржи висок процент на јагленихидрати може да предизвика брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта. Спротивно на тоа, храната која е богата со растителни влакна, има мал процент на шеќери и скроб може да помогне за намалување на нивото на шеќер во организмот. Како зеленчук кој не содржи скроб, а има висока содржина на вода и растителни влакна, краставиците имаат значајна улога во одржувањето на нормално ниво на шеќерот во крвта.
Го поттикнуваат излачувањето на штетните материи од организмот и го поддржуваат здравјето на зглобовите
Благодарение на високиот процент на вода кој го содржат, краставиците го поттикнуваат мокрењето и излачувањето на токсините од телото. Тие се богати со сулфур и силициум, и ги стимулираат бубрезите за подобро отстранување на мочната киселина. Зголеменото ниво на мочна киселина во телото доведува до појава на артритис.
Ги отстрануваат токсините од дигестивниот систем и помагаат против цревни паразити
Зеленчукот кој е богат со антиоксиданси како што се краставиците, доматите, морковите и боровинките му помагаат на телото полесно да се ослободи од токсините и цревните паразити.