Неодоливата скара е предизвик, а посебно кога е собрано друштвото. Знаејќи го тоа, ви откриваме проверени совети и трикови за највкусно и сочно месо на скара, кои гарантирано овозможуваат долго паметење на уживањето во денот!
А пред тоа да не заборавиме да напоменеме, колку луѓе толку вкусови и тоа е во ред. Ние не би можеле да ви дадеме универзални совети или да ви откриеме досега непозната тајна за совршено вкусна скара која ќе го задоволи сечиј вкус. Но затоа, истражувавме и се консултиравме со искусни скараџаии, па откривме некои трикови кои и тоа како помагаат. Вреди да ги прочитате и испробате, па така уживањето во аромата и сочноста на месото ќе биде гарантирано поголемо!

Држете се до едноставноста
Скарата не е гурманска храна, па не ви се неопходни специјални зачини или комплексни маринади. Вкусот на скарата најмногу зависи од квалитетот на избраното месо, како и од подложувањето на отворен оган при подготовката. Ако сакате да го зачинете доволни ви се сол и црн пипер и ќе имате импресивен резултат. Кога сме кај едноставните маринади, еве една испробана од нас: 1 лажица масло, 2 ситно сечкани чешниња лук, 1 чаша пиво Златен даб, малку сол и црн пипер, а по желба може да додадете малку ароматичен зачин како оригано или босилек. Ако го правите овој чекор, препорачливо е месото да е исчукано со соодветен чекан, па да стои во маринадата барем 4-6 часа.
Може да ве интересира: 7 мали тајни за совршена скара.
Изберете соодветно телешко месо
Телешкото месо се наплаќа според маста, затоа што таа значи вкус. Тое е една од малите тајни на исклучително вкусното телешко месо, да биде зготвено со сопствената маснотија. Ако има некои поголеми парчиња кои нема да ги јадете, слободно отстранете ги. Ребрата и месото од бутот се едни од најдобрите избори.
Купете свинско месо кое е добро за скара
Слично како и телешкото, помасните делови се подобри за скара, а најдобри се оние кои се мешани со удина и масти. Препорачливо е да ги испечете парчињата заедно со масните делови, па ако сакате потоа да ги отстранете истите. Кога купувате побарајте совет од месарите или ако набавувате сами посегнете по ребра, кременадли, парчиња од вратот и слично.
Набавете убаво пилешко месо
За разлика од телешкото и свинското, чиј квалитет за скара одговара со сочноста од нивните маснотии, ако некој сака „попосно“ месо подобро би било да се послужи со пилешко. Кога станува збор за пилешко месо подготвено на скара, секогаш е корисно да набавите месо со коска, затоа што таа помага топлината да се пренесе радијално, со што ќе се готви подеднакво насекаде. Па, ако сакате потоа, лесно може да ги отстранете коските. Било кое парче пилешко месо, ќе биде вкусно кога е приготвено на скара, но потемното месо ќе има поизразен вкус и сочност.
Не заборавајте да го „омекнете“ месото
Ова можеби е еден од најдобрите совети кои можеме да ви ги дадеме. Не секој го прави овој чекор, но е доста важен. Омекнувањето на месото најлесно може да го направите така што ќе го исчукате со кујнски чекан. Ако се плашите дека ќе се испрскате, ставете го во најлонска ќеса, па исчукајте го. Вака припременото месо се готви порамномерно, а кога е готово изобилува со мекост и сочност.
И секако за уживањето да биде совршено, наздравете со ладен Златен Даб и препуштете се на уживањето!
Ви препорачуваме да прочитате: Здравствени придобивки од пивото: 10 причини зошто треба да го пиете!