5 трикови и совети за сочно месо на скара 1

5 трикови и совети за сочно месо на скара

Неодоливата скара е предизвик, а посебно кога е собрано друштвото. Знаејќи го тоа, ви откриваме проверени совети и трикови за највкусно и сочно месо на скара, кои гарантирано овозможуваат долго паметење на уживањето во денот!

А пред тоа да не заборавиме да напоменеме, колку луѓе толку вкусови и тоа е во ред. Ние не би можеле да ви дадеме универзални совети или да ви откриеме досега непозната тајна за совршено вкусна скара која ќе го задоволи сечиј вкус. Но затоа, истражувавме и се консултиравме со искусни скараџаии, па откривме некои трикови кои и тоа како помагаат. Вреди да ги прочитате и испробате, па така уживањето во аромата и сочноста на месото ќе биде гарантирано поголемо!

5 трикови и совети за сочно месо на скара 2

Не заборавајте да го „омекнете“ месото

Ова можеби е еден од најдобрите совети кои можеме да ви ги дадеме. Не секој го прави овој чекор, но е доста важен. Омекнувањето на месото најлесно може да го направите така што ќе го исчукате со кујнски чекан. Ако се плашите дека ќе се испрскате, ставете го во најлонска ќеса, па исчукајте го. Вака припременото месо се готви порамномерно, а кога е готово изобилува со мекост и сочност.

Држете се до едноставноста

Скарата не е гурманска храна, па не ви се неопходни специјални зачини или комплексни маринади. Вкусот на скарата најмногу зависи од квалитетот на избраното месо, како и од подложувањето на отворен оган при подготовката. Ако сакате да го зачинете доволни ви се сол и црн пипер и ќе имате импресивен резултат. Кога сме кај едноставните маринади, еве една испробана од нас: 1 лажица масло, 2 ситно сечкани чешниња лук, 1 чаша пиво, малку сол и црн пипер, а по желба може да додадете малку ароматичен зачин како оригано или босилек. Ако го правите овој чекор, препорачливо е месото да е исчукано со кујнски чекан, па да стои во маринадата барем 4-6 часа.

Изберете парче месо со коска и/или маст

Кога станува збор за месо подготвено на скара, секогаш е корисно да набавите месо со коска, затоа што таа помага топлината да се пренесе радијално, со што ќе се готви подеднакво насекаде. Па, ако сакате потоа, лесно може да ги отстранете коските. Било кое парче месо, ќе биде вкусно кога е приготвено на скара, но црвените меса имаат поизразен вкус и сочност.

Месото се наплаќа според соодносот на удина со маст, но малку маст значи многу вкус, па не ја избегнувајте. Тое е една од малите тајни на исклучително вкусно месо, да биде зготвено со сопствената маснотија. Ако има некои поголеми парчиња кои нема да ги јадете, слободно отстранете ги. Ако купувате телешко месо за на скара, ребрата и месото од бутот се едни од најдобрите избори.

Свинското месо е најсочно за скара

Помасните делови се подобри за скара, а најдобри се оние кои се мешани со удина и масти. Препорачливо е да ги испечете парчињата заедно со масните делови, па ако сакате потоа да ги отстранете истите. Кога купувате побарајте совет од месарите или ако набавувате сами посегнете по ребра, кременадли, парчиња од вратот и слично.

Наместо замрзнато, секогаш користете свежо месо

Непосредно пред да ја запалите скарата, извадете го месото од фрижидер со цел да се затопли на собна температура. Ладното месо нема да се подготви рамномерно на скара. Постои опасност во средината да остане непечено, додека од надвор да биде препечено. Затоа, наместо замрзнато, секогаш користете свежо свинско месо. Свежото месо има бројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од сè е тоа што е похранливо, текстурата е подобра, па е идеално за подготовка на скара. Наш прв избор се Агриа, затоа што месото им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Па, посетете некоја од нивните месарници ширум земјата или побарајте го во Тинекс и Рамстор маркетите. Гарантираме дека свежото месо од Агриа, ќе ги задоволи вашите очекувања и ќе ја приготвите највкусната скара!

И секако за уживањето да биде совршено, наздравете омилениот пијалак и препуштете се на уживањето!

5 трикови и совети за сочно месо на скара 3

Предлози плус:

  • За подготовка на скара може да користите и скараџиски, селски, домашни или барени колбаси, кои може да ги најдете во месарниците на Агриа,  а се од македонско производство и имаат супер вкус.
  • Ако немате време, а месото на скара ви е омилено, Агриа се тука да ви помогнат. Збогатете ја вашата трпеза со сочно и вкусно месо на скара од домашно производство, со можност за порачка од две локации: Гоце Делчев бр.28 (Кај судот во Велес), телефон за нарачка 072/212-966 и 043/223-323, и 3-та Кумановска ударна Бридага бр.22, Велес, телефон за нарачка: 071/217-563, 072/212-982 и 043/254-443. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 скараџиски совети за совршено месо на скара.

Следи ја sezahrana.mk и на Instagram и Facebook.

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: