5 рецепти за зајакнување на имунитетот во сезона на вируси и грип

5 рецепти за зајакнување на имунитетот

Есента пристигна, а со тоа и зголемениот ризик од настинка, особено сега кога времето се менува. За да може организмот да се бори против вирусите и бактериите кои се кријат буквално насекаде, потребен е силен имунолошки систем. Токму затоа, за да се заштитите од вируси, настинки и грип, ви предлагаме 5 рецепти за зајакнување на имунитетот.

Постојат различни начини да си го подобрите имунитетот, но еден од најефикасните е преку исхраната. Во случај на грип, настинка или физичка слабост, не треба веднаш да посегнувате кон лекови, туку треба да се обидете да го зајакнете имунитетот на природен начин. За зајакнување на имунитетот ви предлагаме 5 рецепти кои се одлични и за деца и за возрасни.

5 рецепти за зајакнување на имунитетот

Мед и ореви

Медот е полн со антиоксиданти, ензими и минерали, вклучувајќи железо, цинк, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и селен. Освен што е одличен како превенција од вирусни и бактериски инфекции, медот е одличен и за зајакнување на имунитетот, особено во комбинација со ореви. Во една тегла измешајте мед и ореви и консумирајте по 1-2 лажици секое утро.

Пилешка супа

Топлата и вкусна пилешка супа има лековита моќ и позитивен ефект. Ги чисти дишните патишта и го загрева телото. Му дава сила и му помага да се бори против грипот, а витамините од зеленчукот придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем.

Чаеви

Покрај здравата исхрана и добриот сон, чајот е уште една работа која е одлична за зајакнување на имунитетот. Чајот од шипка во себе содржи големо количество на витамин Ц, па затоа игра важна улога во одржување на имунитетот. Исто така, чајот од камилица со ѓумбир и лимон има исклучително добар ефект врз имунолошкиот систем. Без разлика кој чај ќе го консумирате, најважно е тој да биде топол и без шеќер, со евентуален додаток на мед.

Сок од цитрусни овошја

Сокот од цитрусните овошја може да ви помогне поради високата содржина на витамин Ц. Исцедете портокал, лимон и половина грејпфрут. За подобар вкус може да додадете и една лажица мед.

Супа од зеленчук

Направете супа од свеж зеленчук. Исечкајте моркови, пиперки, кромид, целер, пашканат и праз. Односот на количините може да биде по желба, важно е зеленчукот да е свеж и да внесе витамини во супата што ќе ја направите. Кога супата ќе биде готова додајте малку маслиново масло и сол по потреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете лек со мед и ореви за зајакнување на имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: