preoptereten crn drob 1

6 симптоми кои укажуваат на преоптеретен црн дроб

Доколку црниот дроб не може да ги претвори токсините во безопасен отпад, тие се складираат во масното ткиво и чекаат тој повторно да ги преработи за да се исфрлат од телото. Ако тоа не се случи, телото се полни со токсини и отрови кои подоцна може да предизвикаат најразлични заболувања. Дознајте кои се симптомите и сигналите, кои телото ни ги испраќа кога имаме преоптерен црн дроб.

Црниот дроб припаѓа во групата на органи чија функција е да вршат детоксикација на организмот. Тој вредно работи секој ден, па воопшто не е чудно што е под голем стрес и некогаш не ја исполнува својата функција онака како што треба.

preoptereten crn drob 2

Чувство на дезориентираност

Доколку вашиот црн дроб е преоптоварен, тогаш тој не е во состојба правилно да ја филтрира крвта. Како резултат на тоа, токсините допираат до мозокот. Последователно, може да се појават симптоми како што се конфузија, проблеми со помнењето или неодлучност при носењето одлуки.

Ниско ниво на шеќер во крвта

Црниот дроб исто така е одговорен и за одржување на нивото на шеќерот во крвта. Доколку не работи како што треба, може да доживеете ненадеен пад на шеќерот. Во нормални околности, црниот дроб ослободува глукоза после оброк. При тоа, доколку црниот дроб не може да ја ослободи насобраната гликоза во крвта, нивото на шеќер во крвта опаѓа. Поради тоа, може да доживеете симптоми како што се вртоглавица, несвестица, намалена концентрација и нервоза.

Дисбаланс во хормоните

Црниот дроб го регулира нивото на хормони. Нефункционалниот црн дроб може да биди причина за нерамнотежа на нивоата на естроген и тестостерон, што може да предизвика проблеми како што се намалено либидо и изразени ПМС симптоми.

Проблеми со расположението

Вашето расположение и помнење зависат од состојбата на вашиот мозок. Кога отровите ќе стигнат до мозокот, може да се појават проблеми со помнењето и изненадни промени во расположението. Анксиозноста и депресијата се исто така поврзани со црниот дроб. Ако ги забележите овие симптоми, најпрво темелно испитајте ја состојбата на своите органи, па потоа посегнете по средства за смирување.

Апнеа во текот на сонот

Апнеата е пореметување во спиењето при кое доаѓа до прекин во дишењето повеќе од 10 секунди. Во некои случаеви дишните патишта може да бидат блокирани 2-3 минути, а овие кратки прекини може заедно да сочинуваат повеќе од половина од целокупниот период кој го спиете. Најчест симптом на ова пореметување е грчењето. Па, доколку се соочувате со овој проблем, проверете ја состојбата на својот црн дроб.

Пореметување во имунолошкиот систем

Лицата кои често се разболуваат најчесто мислат дека за тоа главен виновник е недостатокот на витамин Ц. Сепак, состојбата на црниот дроб игра важна улога во изградбата на силен имунолошки систем. Здравиот црн дроб подобро се бори со различните вируси и бактерии.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници кои ефикасно го чистат црниот дроб.

Сподели: