7 намирници за превенција на рак 1

7 намирници за превенција на рак

Спрема извештаите на светските угледни институции, третина од сите канцери се поврзани со исхраната, а британските научници тврдат дека тој процент достигнува до 60%. Според тоа, исхраната има многу важна улога во спречувањето, лечењето, како и навремена превенција на рак.

За малигните тумори, посебно е важно од менито да се отстрани изобилството на храна која се темели на шеќери, месото, јајцата, млечните производи, секоја индустриска храна, рафинираните масла и намирниците кои содржат адитиви, конзерванси, вештачки бои и транс масти.

Исхраната која е сојузник на борбата против рак се базира на свежи, по можност непрскани овошја и зеленчуци, интегрални житарки, ленено семе, сусам, семки од тиква, а неопходно е да се консумира и нерафинирано, ладно цедено сончогледово масло, маслиново масло, мешунки, бадеми. Исто така, задолжително е да се прави детоксикација на организмот, на пример со зеолит.

Телото не смее да се оптоварува со храна, па оброците треба да бидат на секои 4 часа, со тоа што после 17 часот, се препорачува да не се консумира никаква храна.

Ленено семе и ленено масло

Благодарение на комбинација од витамини, минерали и големата количина на омега 3 масни киселини кои ги содржи, ленот има многу поволно влијание врз здравјето на организмот. Лененото семе се користи во многу рецепти на традиционалната медицина и се препорачува да се вклучи во исхраната кај пациентите болни од рак. Во денешните услови, за среќа достапно ни е и 100% масло од лен кое лесно може да се вклопи во исхраната. Има малку појак вкус, па се препорачува да се пие наутро и на гладно, по 1 лажица ленено масло со околу 50 мл природен сок. Ако размислувате кое да го изберете, ви препорачуваме тоа да биде ладно цеденото масло од лен од Фила, со чиј квалитет сме запознаени, а може да се најде во поголемите маркети низ Македонија. Исто така, може да ја посетите и онлајн продавницата, каде што може да купите ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени. Неговото поволно дејство ни е испробано и сме утврдиле дека делува, а за сите прашања кои ги имате во врска со користењето на лененото масло, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk

7 намирници за превенција на рак 2

Куркумата е природен лек кој штити од рак

Куркумата може да се нарече чудо од природата, како резултат на антивоспалителните карактеристики. Поновите истражувања го потврдија благотворното дејство на куркумата кај лица заболени од рак и Алцхајмерова болест. Главната состојка на куркумата е куркуминот, кој е особено значаен во борбата против ракот. Со низа испитувања утврдено е дека куркуминот поволно влијае при рак на дебело цревотанко црево, рак на желудник, црн дроб, простата, дојки и јајници.

Брокулата е моќен борец против рак

Високата нутритивна вредност на брокулата се должи на големата застапеност на антиканцерогени материи, односно антиоксиданси кои претставуваат моќен борец со слободните радикали, кои се главните причинители на сите малигни пореметувања кои настануваат во клетката.

Лукот е корисен за превенција и лечење на рак

Лукот е познат по своите антибиотски и антиканцерогени својства. Од соединенијата, сулфурот ја синтетизира аминокиселината L-глутатион, која е јак антиоксиданс за кој е докажано дека штити од рак на желудник, на кожата, на простатата, хранопроводот и дебелото црево. Делува така што го спречува намножувањето на мутираните клетки и реку имунолошкиот систем го стимулира црниот дроб да ги елиминира токсините.

Редовната консумација на зелен чај превенира појава на рак

Неколку истражувања докажале дека доколку се пијат по две шолји зелен чај, се стопира растот на клетките на ракот. Зелениот чај особено е ефикасен во борбата со рак на дојката, а за тоа едно јапонско истражување кое било направено на 500 жени, покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Во Кина е направено истражување со кое се докажало дека зелениот чај го намалува ризикот од појава на канцер на желудник, хранопровод, простата и панкреас. Позитивниот ефект на зелениот чај е докажан и во заштитата од рак на белите дробови, при што се намалува ризикот за појава на рак за 18 проценти.

2-3 пати неделно риба на менито обезбедува доволно омега 3 масни киселини

Омега 3 масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанувањето на малигните клетки, туку го спречуваат и понатамошниот развој на веќе формираните. Кај лицата заболени од рак, кај кои рибата е често на трпезата, постои голема шанса канцерогените ќелии во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

Прокељот изобилува со антиоксиданси и превенира појава на канцер

Прокељот претставува значаен извор на протеини, растителни влакна, витамини, минерали, а сите тие се неопходни за здравјето и заштита на телото од рак. Може да се каже дека прокељот е чувар на здравјето, бидејќи во својот состав поседува значајни антиоксиданси како индоли, лутеин, зеаксантин, сулфорафан и исотиоцијанати. Заедно, овие фито состојки се борат и превенираат од појава на канцер на простата, дебелото црево и матката. Исто така, прокељот содржи синигрин, состојка за која истражувачите претпоставуваат дека ги уништува пред канцерогените клетки и штити појава од рак на дебелото црево.

Ви препорачуваме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Сподели: