spor metabolizam 1

7 причини за спор метаболизам, а за кои не сме свесни

Човековото тело не е совршено и не е секогаш со идеална телесна тежина, затоа мора да внимаваме на исхраната и на внесот на калории. Најчесто, математиката е едноставна, доколку се внесуваат помал број на калории, организмот ќе троши од залихите и на тој начин ќе се губат вишокот на килограми. Сепак, многу лица се соочуваат со спор метаболизам и забавена работа на цревата и покрај тоа што се придржуваат до ова правило.

Метаболизмот може да се успори толку што секоја храна која ќе се консумира почнува да се согорува поспоро и на тој начин се таложи во телото, наместо истата да дава енергија. Во тие случаи, лицата кои се соочуваат со овој проблем, едноставно не успеваат да ослабат и им се чини дека се што ќе консумираат останува во нивното тело. Така, за брзо време се откажуваат од самодисциплината во исхраната. Колку и тоа нас да ни изгледа само како изговор, забавениот метаболизам не е мит и е проблем со кој се соочуваат многу лица. Предизвикувачите на оваа состојба може да бидат повеќекратни, а некои од нив може да укажуваат на сериозни здравствени проблеми. Во продолжение ви претставуваме  дел од причините кои го успоруваат метаболизмот.

spor metabolizam 2

Покачено ниво на хормонот кортизол

Покаченото ниво на кортизол е многу честа појава кај многу лица, иако истите не се свесни за тоа. Овој хормон се покачува кога сме под долготраен стрес . Во ситуациите кога организмот се брани од стресот, сметајќи дека е во опасност ја таложи храната. Кога сте под стрес подолго време, работите на стресно работно место или пак имате проблеми во домот, голема е можноста да имате високо ниво на овој хормон.

Зголемено ниво на инсулин

Од една страна, високото ниво на инсулин предизвикува дебелина, а од друга страна, дебелината предизвикува високо ниво на инсулин и дијабетес. Затоа, тешко е да се разграничи кој што предизвикува. Но, која и да е причинита, лесно е да се утврди нивото на инсулин со едноставен лабараториски тест и да се преземат соодветни мерки.

Намалена функција на штитната жлезда

Штитната жлезда лачи хормони, кои влијаат на бројни функции во организмот, вклучувајќи ја и дигестијата на храната. Кога оваа жлезда работи успорено, односно лачи помалку хормони, тоа значи дека лицето е заболено од хипотиреоидизам. Во најголем број случаи виновник за ова заболување е Хашимото синдромот, специфична состојба на организмот каде штитната жлезда се напаѓа сама себе. Затоа, доколку забележите дека сте поуморни од вообичаено, ви опаѓа косата или ви се замаглува видот, обратете се кај вашиот доктор. Со одредени лекови лесно е да се контролира работата на штитната жлезда, па на тој начин и метаболизмот ќе се врати релативно во нормална состојба.

Ниско ниво на хормонот естроген и староста

Овој проблем може да се појави во менопауза, иако е утврдено дека кај жените овој хормон опаѓа со годините. Затоа, со текот на годините на жените им е се потешко да ги држат килограмите под контрола. Во секој случај, опаѓањето на нивото на естроген го забавува метаболизмот.  Некои истражувања покажаа дека на жените им се потребни дури 200 калории помалку во текот на денот после 50-тата година, а после 35-тата година на организмот му е потребно дупло повеќе време од претходно за да ја свари истата количина на храна.

Ниско ниво на тестостерон и намалена мускулна маса

Ова е всушност и објаснувањето зошто на мажите секогаш им е полесно да ослабат. Тестостеронот го забрзува метаболизмот, бидејќи ја зголемува мускулната маса. Мускулите од друга страна, ги користат мастите за да се одржат, па зајакнувањето на мускулите и зголемувањето на нивото на тестостерон е добар начин за природно да се намалат маснотиите и да се забрза метаболизмот. Некои истражувања покажаа дека е доволно да се зема тестостерон во синтетичка форма и така да се намали телесната тежина, додека други тврдат дека е најдобро на природен начин да се покачи нивото на овој хормон. Тоа може да се постигне со вежбање и зголемување на мускулната маса.

Консумирање на некои лекови

Докажано е дека некои лекови, како што се стероидите, антидепресивите и бета блокаторите, ја намалуваат работата на метаболизмот. Доколку мора да ги консумирате, обидете се да бидете активни, да вежбате и на природен начин да го забрзате вашиот метаболизам. Секако во консултација со вашиот доктор и доколку тоа го дозволува вашата здравствена состојба.

Не се храните доволно

Иако звучи нелогично, но изгладнувањето води до успорена работа на метаболизмот и зголемување на килограмите. Причината за тоа е всушност многу едноставна. Нашето тело е програмирано само да преживи кога се изгладнуваме и го препознава тоа како опасност и ги чува стите преостанати залихи, а тоа се маснотиите. Во исто време, се што во меѓувреме ќе изедеме, тој поспоро го разлага, плашејќи се дека ако пребрзо го исфрли од организмот повторно ќе има дефицит на хранливи состојки. Затоа, колку и да ви изгледа чудно, јадете редовно доколку сакате да ослабете.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници за побрз метаболизам.

Сподели: