8 начини да го забрзате согорување на калориите

8 начини за побрзо согорување на калориите

Консумирањето на квалитетни протеини, млака вода со лимон, зелен чај, физички вежби се само дел од природните начини да го забрзаме бавното согорување на калориите и да ја одржиме посакуваната телесна тежина.

За да ја постигнете вашата цел, да ги намалите килограмите и да го забрзате метаболизмот, важно е да ги примените следните 8 начини:

Вклучете квалитетни протеини во секој оброк

Одредени намирници можат да го забрзаат метаболизмот за неколку часа. Меѓунив се намирниците кои се богати со протеини. Консумирањето на храна богата со квалитетни протеини ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време, а со тоа ќе го намалите внесот на калориите. Едно истражувањето покажало дека, лицата кои во исхраната внеле околу 30% од вкупните калории од протеините, консумирале околу 441 калорија помалку во текот на денот.

Пијте вода

Лицата кои пијат вода наместо зашеќерени пијалаци може полесно да ги намалат килограмите и да ја задржат посакуваната тежина. Причините се очигледни. Зашеќерените пијалаци содржат шеќери, па со нивна замена автоматски се намалува внесот на калории.

Редовно вежбајте

Редовната физичка активност и комбинацијата со здравата исхрана се клучни фактори за побрзо согорување на калориите. А исто така, тоа нуди повеќе придобивки за организмот.

Пијте кафе

Истражувањата покажале дека кофеинот од кафето може да го забрза метаболизмот за 3 до 11%. На тој начин побрзо се согоруваат калориите и се губи вишок на килограми. Кафето е добар стимулатор е на централниот нервен систем, а кофеинот во него го забрзува метаболизмот, со што се намалуваат масните наслаги во телото и се зголемуваат физичките перформанси. Придонесува за:

  • Намалување на телесната тежина
  • Намалување на апетитот
  • Зголемување на будноста и вниманието
  • Забрзување на метаболизмот
  • Ја зголемува енергијата
  • Ја зголемува оксидацијата на мастите.
согорување на калориите

Помалку седете, повеќе стојте

Прекумерното седење не само што е лошо за вашата линија, него и за целокупното здравје. Долгото седење значително го намалува трошењето на калориите и може да доведи до здебелување.

Пијте зелен чај

Докажано е дека зелениот чај го забрзува метаболизмот за 4 до 5%, но тоа не е сѐ. Зелениот чај помага наталожените масти во телото да се претворат во слободни масни киселини, а тоа може да го зголеми согорувањето на мастите за 10 до 17%.

Јадете лута храна

Капсаицинот кој го содржат лутите пиперки го забрзува метаболизмот. Затоа, редовно консумирајте лута храна која има и други поволни влијанија врз организмот.

Користете кокосово и маслиново масло при подготвување на храната

Кокосовото и маслиновото масло се едни од најздравите, на воопшто не двоумете се да ги користите во исхраната. Масните киселини кои ги содржат го забрзуваат метаболизмот за 12%.

Ви предлагаме да прочитате: 5 утрински грешки кои го успоруваат метаболизмот.

Сподели: