8 причини зошто да пиете сок од цвекло 1

8 причини зошто да пиете сок од цвекло

Можеби првата голтка сок од цвекло нема да ви се допадне, но она што овој природен напиток го овозможува на организмот е вистинска ризница од лековити состојки.

Цвеклото е многу здрав зеленчук, па неговиот сок се препорачува да го пијат сите кои водат грижа за своето здравје.

Може да ве интересира: Цвекло – 7 причини зошто е одличен здрав избор.

8 причини зошто да пиете сок од цвекло 2

Еве 8 добри причини зошто да пиете сок од овој здрав зеленчук

  1. Благодарение на составот на цвеклото, сокот направен од него содржи каротеноиди кои поволно влијаат на видот.
  2. Цвеклото спречува оштетување на клетките и ги елиминира слободните радикали од организмот, а тоа е благодарение на неговиот пигмент.
  3. Цвеклото го подигнува нивото на железо во организмот. Покрај железо, овој зеленчук содржи и антиоксиданси кои го одржуваат нормално нивото на хемоглобинот.
  4. Сокот од цвекло ја подигнува енергијата, а тоа е една од причините зошто се препорачува на лицата кои се занимаваат со спорт.
  5. Само една чаша сок од цвекло дневно, може да ви помогне да го регулирате покачениот крвен притисок.
  6. Цвеклото содржи магнезиум, па напитокот од него се препорачува и на лицата кои се изложени на голем стрес.
  7. Доколку имате проблем со варењето на храната, препорачливо е редовно да пиете сок од цвекло. Овој напиток помага за добра дигестија и ги чисти цревата.
  8. Сокот од цвекло го зајакнува имунитетот и му помага на организмот полесно да се избори со инфекциите.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен сок за подобрување на крвната слика.

Сподели: