Сè за храна https://sezahrana.mk Рецепти, здрава храна, кујнски совети Fri, 29 May 2020 08:14:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.3.2 Брзи пица макарони https://sezahrana.mk/%d0%b1%d1%80%d0%b7%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b8/ Fri, 29 May 2020 08:14:58 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32301 Кое е вашето омилено јадење? Пица или макарони? Ако одговоривте со „Да“ вие сте на вистинското место. Ви претставуваме ново гастрономско уживање со нашиот испробан рецепт за брзите пица макарони.

]]>
Кое е вашето омилено јадење? Пица или макарони? Ако одговоривте со „Да“ вие сте на вистинското место. Ви претставуваме ново гастрономско уживање со нашиот испробан рецепт за брзите пица макарони.

Совршена комбинација на пица и макарони, преточена во вкусно јадење. Доволни ви се 20-тина минути за подготовка на овој специјалитет кој го приготви Марија Кочовска од нашиот тим. 

брзи пица макарони

Состојки:

  • 300 г макарони
  • 3 л вода
  • 100 г Битолска павлака со 20% мм
  • 120 мл неутрална павлака за готвење
  • 120 мл кечап
  • 1 мала лажичка оригано
  • 75 г шункова салама
  • 120 г маринирани сечкани печурки
  • 100 г кашкавал
  • сол по вкус
  • свеж босилек. 

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари и додајте ½ мала лажичка сол. Штом водата зоврие додајте ги макароните и варете 5-7 минути зависно од упатството наведено на пакувањето. 
  2. Сварените макарони исцедете ги.
  3. Кашкавалот изрендајте го, а саламата исечете на четвртинки. 
  4. Во длабок сад ставете ги Битолската павлака, неутралната павлака за готвење, кечапот и ориганото. Измешајте ги и додајте ги во садот со макароните. Посолете по вкус. 
  5. Во тава ставете ги макароните. Врз нив додајте го ренданиот кашкавал, сечканата салама и печурките.
  6. Тавата ставете ја во загреана рерна на 250 степени и печете околу 10 минути за да се растопи кашкавалот. Топлите пица макарони послужете ги веднаш со листови свеж босилек. На здравје!
брзи пица макарони

Препорака од авторот:

„Пица макароните се омилени на нашата трпеза. Многу се вкусни, а едноставни за подготовка. Ако обожавате тестенини, тогаш мора да го пробате овој рецепт кој верувам дека ќе ве освои. Следете ги инструкциите и немојте да додавате масло во водата во која ги варите тестенините. Тоа ќе оневозможи сосот да се залепи за макароните. Најважно е да ги варите во поголема колична на вода и да користите квалитетни состојки за подготовка. Мој избор беше Битолската павлака со 20% на млечна маст. Пригответе ги за ручек или вечера, пишете ми како ви се допаднале, тагирајте ме на Instagram или објавете ги во групата на Сѐ за храна.“ – вели Марија. 

брзи пица макарони со павлака

За сите прашања околу подготовката пишете и на Марија Кочовска (следете ја на Facebook и Instagram) од нашиот тим која ги направи и фотографира брзите пица макарони.

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени шампињони со павлака и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Д-р Нела Деспотовска советува: L-Tyrosine за подобро расположение, повеќе сила и енергија https://sezahrana.mk/%d0%b4-%d1%80-%d0%bd%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0-l-tyrosine-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4/ Fri, 29 May 2020 08:14:44 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32223 Скоро секој од нас во животот се соочува со стрес, недоволна сила и енергија, депресивно расположение или анксиозност. Во тие моменти човекот бара разни решенија со цел да си помогне во надминување на овие проблеми. Ако не знаете како да се ослободите од напнатоста, пробајте го L-Tyrosine за подобро расположение.

]]>
Скоро секој од нас во животот се соочува со стрес, недоволна сила и енергија, депресивно расположение или анксиозност. Во тие моменти човекот бара разни решенија со цел да си помогне во надминување на овие проблеми. Ако не знаете како да се ослободите од напнатоста, пробајте го L-Tyrosine за подобро расположение.

За L-Tyrosinе дознавме повеќе од разговорот со Д-р Нела Деспотовска која секогаш со задоволство одговара на нашите прашања. Овој пат ја прашавме што е L-Tyrosine, зошто му е потребен на организмот и кога се препорачува.

L-Tyrosine

Што претставува L-Tyrosine?

L-Tyrosine е неесенцијална аминокиселина која природно се произведува од друга аминокиселина наречена фенилаланин. Потребен е за производство на невротрансмитерите допамин, адреналин и норадреналин, како и за пигментот кој ја дава бојата на кожата, меланин. Адреналинот и норадреналинот се главните актери во одговорот на телото на акутен стрес и, заедно со допаминот, помагаат во подобрување на расположението и менталната будност. Покрај тоа, L-Tyrosine е особено важен за одржување на нормална функција на тироидната жлезда.

L-Tyrosine-от е присутен во многу видови храна, особено во сирењето каде за прв пат е откриен. Го има во пилешко и мисиркино месо, риба, млечни производи, спанаќ, семки од тиква, грав, интегрални житарки, моцарела, пармезан и други производи со висок процент на протеини.

Зошто на нашето тело му е потребен L-Tyrosine?

L-Tyrosine-от многу лесно ја поминува крвно мозочната бариера и помага да се синтетизираат неколку важни супстанции:

  • Допамин и серотонин. Допаминот ги регулира центрите за задоволство и е важен за меморија и моторни вештини. Серотонинот е важен за регулација на сонот, крвниот притисок, чувството на болка и расположението.
  • Адреналин и норадреналин. Овие хормони се одговорни за намалување на стресот и може да помогнат да се спречи недостатокот на меморија предизвикана од стрес. Адреналинот помага во разлагање на масното ткиво, додека, норадреналинот делува како невротрансмитер кој овозможува ментална будност, подобро помнење и расположение и го намалува апетитот.
  • Тироидни хормони. Тироидните хормони се создадени од тироидната жлезда и главно се одговорни за регулирање на метаболизмот.
  • Меланин. Овој пигмент им ја дава бојата на вашата кожа, коса и очи. Луѓето со темна кожа имаат повеќе меланин отколку луѓето со светла кожа.

Кога се препорачува Л-тирозин?

При недостаток на сила и енергија

L-Tyrosine-от ја блокира апсорпцијата на други аминокиселини како L-Tryptophan и на тој начин ја стимулира работата на мозокот. Консумирањето храна со висока содржина на протеини или земањето на L-Tyrosine 20-30 минути пред оброк кој е богат со јаглехидрати може да го спречи падот на енергија и да ја зголеми будноста до крај на денот. Ако се зема 30 минути пред вежбање, ја подобрува концентрацијата и интензитетот во текот на вежбањето. L-Tyrosine-от ја олеснува врската помеѓу мозокот и мускулите и ја подобрува нивната комуникација што директно влијае во зголемување на нивото на енергија и добивање на сила.

L-Tyrosine за подобро расположение

Стресот е нешто што секој го доживува и може негативно да влијае на расудувањето, меморијата, вниманието и знаењето со намалување на невротрансмитерите. Особено се препорачува L-Tyrosine за подобро расположение затоа што има антистресен ефект. Студиите покажуваат дека може да помогне во одржување на менталниот капацитет кога се зема пред стресна активност. Кај многу жени го намалува стресот, ја ублажува депресијата и раздразливоста кои се типични за ПМС.

Депресија и анксиозност

L-Tyrosine е познат антидепресив. L-Tyrosinе-от влијае на концентрацијата на допамин и норадреналин чија рамнотежа е пореметена при депресивни состојби. Бројни студии покажуваат дека L-Tyrosine како суплемент е корисен при состојби на стрес, настинка, замор кој се јавува поради отежнати животни околности, влијае на расположението и когнитивните функции и го подобрува квалитетот на сонот.

Се препорачува и на спортисти

Спортистите треба да земаат L-Tyrosine бидејќи овозможува подобра поврзаност меѓу мускулите и мозокот. Нив обично им се препорачува да го земаат во дози од 500–2000 mg, 30-60 минути пред вежбање. Ефикасен е за зачувување на менталните перформанси за време на физички стресни ситуации или периоди на несоница кога се зема во дози кои се движат од 100–150 mg на kg од телесната тежина.

Наша препорака за суплементација со L-Tyrosine

За максимално искористување на придобивките од L-Tyrosine-от, ви го препорачуваме L-Tyrosine од NOW. L-Tyrosine е популарен додаток во исхраната кој се користи за подобрување на будноста, вниманието и фокусирањето. Дополнувањето со овој суплемент ги зголемува важните хемикалии на мозокот кои влијаат на расположението и реакцијата на стресот. L-Tyrosine-от е безбеден ако се зема во доза од 150 mg/kg на ден во период од 3 месеци. Ако се зема во високи дози може да предизвика гадење, главоболка и замор. Најчесто се препорачува да се зема 1 капсула најмногу 3 пати дневно, по можност меѓу оброци.

Производот може да го најдете во повеќето аптеки ширум земјава или да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс и да го добиете со бесплатна достава. Едно пакување L-Tyrosine има 60 капсули од по 500 mg.

Максимална апсорпција на L-Tyrosine се постигнува кога се зема на празен желудник бидејќи тогаш предизвикува зголемено лачење на серотонин давајќи чувство на задоволство, а истовремено ја намалува потребата за претеран внес на јаглехидрати. Добро е да се зема заедно со витамин Б6 што ќе помогне во негова конверзија во допамин.

L-Tyrosine од NOW го препорачуваме затоа што е:

  • поддршка на невротрансмисијата
  • здрава функција на жлездите
  • поддржува ментална будност
  • L-Tyrosine употребен во овој производ е со фармацевтски степен
  • без ГМО.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Лица со болест на тироидната жлезда (хипертироидизам), меланом или оние кои земаат МАО инхибитори или други лекови за менување на расположението треба да побараат совет од лекар пред да го конзумираат овој производ.

Ви препорачуваме да прочитате: Истражувавме за GABA! Неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

]]>
Печени чоколадни крофни https://sezahrana.mk/%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%84%d0%bd%d0%b8/ Thu, 28 May 2020 09:52:07 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32171 Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.

]]>
Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.

Печени, а не пржени, па претставуваат поздрава алтернатива за класичните крофни. Може да ги направите во калап или во апарат за печење крофни. Ова е супер лесен и брз рецепт за печени крофни, кој ќе го обожава целото семејство. Сигурни сме дека ќе ги правите повторно и повторно, а на детската радост ќе и нема крај.

печени чоколадни крофни

Состојки:

За глазура:

  • 150-200 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата бикарбона и солта.
  2. Во длабок сад со миксер изматете ги шеќерот и јајцата. Додајте ги маслото, павлаката и ванилиниот шеќер. Миксирајте додека се соединат состојките.
  3. Постепено во смесата додавајте ги брашното и млекото, и добро промешајте за да се соединат сите состојки.
  4. Калапот за крофни премачкајте го со растопен путер. Секој отвор наполнете го до ¾ од висината со подготвената смеса за крофни. Може да користите лажица или готварски шприц.
  5. Крофните печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени од 7-9 минути. Внимавајте да не се препечат.
  6. Печените крофни извадете ги од калапот и оставете ги да се изладат во целост пред да започнете со нанесување на глазурата.
  7. Чоколадото искршете го на коцки, ставете го во сад и додајте го маслото. Растопете го на пареа или во микробранова печка.
  8. Во растопеното чоколадо потопувајте ги изладените крофни до половина или пак со лажица нанесувајте од смесата врз нив. По желба украсете ги со шеќерни трошки. На здравје!

Совет плус: За најдобар резултат и совршено меки крофни препорачуваме да користите Битолска павлака со 20% млечни масти. Има неутрален вкус и совршено одговара за подготовка на десерти.

Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста панакота со јагоди.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Американски колачиња со чоколадо https://sezahrana.mk/%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87%d0%b8%d1%9a%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be/ Thu, 28 May 2020 08:07:45 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31857 Сакате да приготвите вкусни и брзи американски колачиња? Вие сте на вистинското место за да откриете како може да направите крцкави колачиња со чоколадо кои одземаат малку време за подготовка.

]]>
Сакате да приготвите вкусни и брзи американски колачиња? Вие сте на вистинското место за да откриете како може да направите крцкави колачиња со чоколадо кои одземаат малку време за подготовка.

Направени со кафеав шеќер, интегрално брашно и сода без алуминиум ќе ги задоволат вкусовите на целото семејство. Послужени со чаша млеко се одличен избор за слатка ужина или појадок!

американски колачиња со чоколадо

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги шеќерот, кафеавиот шеќер, путерот, ванилата и јајцето.
  2. Во друг сад ставете брашното, содата бикарбона, какаото, солта и измешајте ги. Смесата со брашно додајте ја во садот со шеќерот и јајцето. 
  3. Синтагма чоколадото исечкајте го на мали коцки и додајте го во садот со брашното и јајцето. Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса.
  4. Тавата обложете ја со хартија за печење. Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте колачиња со кружна форма. 
  5. Колачињата ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени за време од 8 до 10 минути. 
  6. Печените колачиња треба да имаат кафеава боја, а во средината да бидат меки. Колачињата оставете ги кратко да се изладат, а потоа отстранете ги од хартијата и наредете ги врз кујнска решетка за да се изладат целосно.  
  7. Готовите американски колачиња послужете ги со чаша млеко или кафе и уживајте во светот на вкусовите! 

Идеја плус: Ако обожавате американски колачиња, а немате време за подготовка или кулинарско искуство,  ви предлагаме да си набавите чајни колачиња Cookies од Витаминка. Достапни се со повеќе вкусови и тоа: чоколадни парчиња и кора од портокал, со кокос, со чоколадни парчиња и кикиритки, со млеко и чоколадни парчиња, со чоколадни парчиња и со кокос и чоколадни парчиња.

американски колачиња со чоколадо

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи чоко фрути колачиња без печење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Ашваганда за поздрав организам и намалување на стресот https://sezahrana.mk/%d0%b0%d1%88%d0%b2%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b0%d0%b2-%d0%be%d1%80%d0%b3%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d0%bc-%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b0/ Wed, 27 May 2020 10:11:10 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32208 Во последните години, голем дел од светската популација се бори со разни здравствени проблеми, меѓу кои е и стресот. Стресот доведува до создавање на слободни радикали кои се причина за поголемиот број на болести. За нивно неутрализирање, ослободување од стрес, превенција од разни болести и за здрав организам, потребен е внес на корисни намирници. Една од тие корисни намирници е и билката чие име е ашваганда.

]]>
Во последните години, голем дел од светската популација се бори со разни здравствени проблеми, меѓу кои е и стресот. Стресот доведува до создавање на слободни радикали кои се причина за поголемиот број на болести. За нивно неутрализирање, ослободување од стрес, превенција од разни болести и за здрав организам, потребен е внес на корисни намирници. Една од тие корисни намирници е и билката чие име е ашваганда.

Сте слушнале за ашваганда? Знаете ли за што сѐ е корисна? – Сигурно веќе станавте љубопитни. Па, ајде да дознаеме повеќе за тоа што е ашваганда и кои се здравствените придобивки од нејзина консумација.

Ашваганда 2

Што е Ашваганда?

Ашваганда е грмушка со средна големина која достигнува најмногу 170 цм висина и дава мал црвен плод. Расте во топли климатски услови, а потеклото и е од североисточниот дел на Индија. Уште се нарекува зимска цреша или индиски жен шен. Нејзиното име во буквален превод значи „мирис на коњ” (ashwa – коњ, gandha – мирис). Името го добила по тоа што се сметала за билка која дава виталност и сила на коњ. Ашвагандата се користела во Индија уште пред 1000 години како тоник, за подмладување на организмот, против стрес и како афродизијак. Ашваганда е билка која многу се користи во Ајурведа, традиционалниот хербален систем во Индија. Во тој систем, таа е една од најпознатите билки која припаѓа во категоријата на билки за подмладување. Оваа моќна билка му овозможува на организмот полесно да се прилагоди на привремен нормален стрес и го јакне и штити целиот организам.

Здравствени придобивки од ашваганда

Го намалува стресот

Ја зголемува отпорноста на стрес и замор, а исто така помага при хроничен замор. Делува смирувачки на ендокриниот, кардиоваскуларниот и централниот нервен систем. Се користи за ублажување на стрес, анксиозност и несоница. Влијае на подобрување на состојбата на различни невродегенеративни болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Ја стимулира работа на мозокот, го подобрува помнењето и концентрација. Се користи за ревитализација на мозокот кај лица со Алцхајмерова болест и лица со проблеми со помнењето.

Го подмладува организмот

Во ајурведата, ашвагандата се користи како тоник за виталност и долговечност. Ја зголемува издржливоста и силата на организмот. Претставува антиоксиданс бидејќи успешно се бори со слободните радикали и го успорува процесот на стареење на организмот.

Служи за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем

Го чува срцето така што ја стимулира неговата работа. Ги намалува холестеролот и триглицеридите. Се препорачува на лица со висок крвен притисок. Ја подобрува циркулација на крвта.

Поволно влијае на репродуктивните органи

Ашвагандата е позната како афродизијак. Го зголемува либидото кај мажите и жените. Го подобрува квалитетот, подвижноста и бројот на сперматозоидите кај мажите. Ги балансира машките полови хормони. Позитивно влијае во регулирање на проблемите со машката неплодност. Ја стимулира работа на женските репродуктивни органи, намалува воспаление и ја зголемува плодноста. Го јакне сексуалниот потенцијал.

Ашваганда за силен имунитет, контрола на хормоните и подобра дигестија

Го јакне имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции, го штити организмот од вируси, бактерии и паразити. Корисна е за ендокриниот систем затоа што содржи алкалоиди ефикасни за нормализирање на нивото и работата на хормоните во организмот.  Го поттикнува апетитот, ја подобрува дигестијата и помага при грчеви во желудникот.

Се препорачува при проблеми со коските и респираторниот систем

Ги зајакнува белите дробови, ја смирува кашлицата и алергиските реакции. Погоден е за лица кои страдаат од астма и белодробни болести. Поседува антивоспалителни својства кои ја прават ефикасна во лекување на артритис и други ревматски болести. Ги намалува воспалението, отокот и болката во зглобовите.

Антиревматик – поседува антивоспалителни својства, поради што е ефикасна во лекување на артритис и други реуматски болести, намалува воспаление, отеченост и болка во зглобовите.

Други придобивки од ашвагандата се:

  • делува како седатив – го опушта организмот
  • ја зголемува енергијата
  • се прилагодува на секој организам индивидуално – адаптогена билка
  • корисна кај деца кои слабо добиваат на тежина
  • го јакне мускулниот тонус и го намалува воспалението на мускулите – погодна за спортисти
  • се препорачува при хиперактивност на деца и возрасни
  • ги ублажува симптомите на автоимуни болести како ревматоиден артитис и остеоартритис
  • антиканцероген ефект – се користи за превенција и лечење на рак
  • поволно влијае на кожата, особено при ензема, лузни и псоријаза.

Препорака од нас

Ашвагандата сега е достапна и кај нас. Нашите пријатели Тримекс имаат нов производ добиен од екстракт од оваа билка. Пакувањето содржи 90 капсули од по 450 mg. Се препорачува да се зема 1 капсула 2 до 3 пати дневно и да не се надминува препорачаната доза. Ашвагандата од Now е:

  • стандардизиран екстракт
  • ајурведска адаптогена билка
  • елиминатор на слободните радикали
  • поддршка на имунолишкиот систем
  • вегетеријански/веган производ
  • кошер
  • без ГМО

Ашвагандата од NOW може да ја користите за подобрување на здравјето, ослободување од стрес, зајакнување на имунитетот, поради било која причина која го нарушува вашето здравје или ако едноставно сакате да се подмладите. Ашвагандата ја има во повеќето аптеки низ земјава, а може да ја нарачате и од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна.

Производот е наменет само за возрасни. Не се препорачува за бремени жени и доилки. Консултирајте доктор доколку земате лекови или имате некаква медицинска состојба (особено гастроинтестинални состојби, вклучувајќи чир). Овој производ може да предизвика дигестивни вознемирувања кај некои чувствителни индивидуи. Ако имате било каква гастроинтестинална непријатност после користењето на овој производ, прекинете ја употребата.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: L-Lysine против стрес, херпес, брчки, лузни и остеопороза.

Следете ја sezahrana.mk и на и  Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

]]>
Чоколадна раванија со мармалад и слатка павлака https://sezahrana.mk/%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%b4-%d0%b8-%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82/ Tue, 26 May 2020 08:30:00 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32010 Приготвена во нашата кујна со голема љубов! Пробајте ја сочната чоколадна раванија со мармалад и слатката павлака. Пролетните денови нека бидат слатки, а седењето дома мотивација за учење на нови рецепти и подготовка на највкусните десерти.

]]>
Приготвена во нашата кујна со голема љубов! Пробајте ја сочната чоколадна раванија со мармалад и слатката павлака. Пролетните денови нека бидат слатки, а седењето дома мотивација за учење на нови рецепти и подготовка на највкусните десерти.

Состојките кои ви се потребни најверојатно ги имате во кујната, па зошто да не го испробате и овој рецепт од кујната на Сѐ за храна?  

чоколадна раванија

Состојки:

  • 4 големи јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 22 лажици млеко
  • 10 лажици масло
  • 16 лажици брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 2 лажици какао.

За шербет:

  • 12 лажици шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 500 мл вода.

За фил и декорација:

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот. Изматете ги со миксер за време од 5 до 7 минути, додека шеќерот се растопи. 
  2. Во длабок мал сад ставете ги брашното, прашокот за печиво и какаото. Измешајте ги со лажица и пресејте ги со сито.  
  3. Во садот со изматените јајца додајте ги млекото, маслото и пресеаната смеса со брашното и какаото. Смесата измешајте ја со лажица. 
  4. Правоаголната тава (големина 40) обложете ја со хартија за печење. 
  5. Смесата ставете ја во тавата и израмнете ја. Колачот печете го во загреана рерна на температура од 180-200 степени, за време од 20 минути.
  6. Готовиот пандишпан оставете го да се излади.
  7. Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во сад на оган. Штом шербетот зоврие варете уште 3-4 минути, а потоа оставете го околу 5 до 10 минути кратко да се излади.
  8. Пандишпанот потурете го со топлиот шербет. По 5 минути премачкајте го со мармалад од шипка, црна слива, мешано овошје или кајсија по избор. 
  9. Слатката павлака изматете ја со миксер. Изладената чоколадна раванија премачкајте ја со слатката павлака, исечете парчиња по желба и послужете ја. Декорирајте ја со мармалад од шипка и свежо овошје по избор. На здравје! 
чоколадна раванија

Препорака од авторот:

За сите прашања околу подготовката пишете и на Марија Кочовска (Facebook или Instagram) од нашиот тим која ја направи, фотографира, пролетно нѐ мотивира и нѐ заслади со оваа прекрасна торта. За чоколадната раванија Марија вели:

„Рецептот е едноставен и може да експериментирате со мармаладот кој ќе го изберете. Еден од омилените мармалади ни е мармаладот од шипка на Рес-Ком, па овој пат се одлучив тортата да ја приготвам токму со него. Но, оваа чоколадна раванија е одлична и со мармалад од црни сливи, мешано овошје или кајсија. Доколку ја направите ќе ми биде мило да ми испратите слика, да ме тагирате на стори или едноставно објавете ја раванијата во групата на Сѐ за храна на Facebook. Најважно од сѐ, гответе со љубов и споделувајте со најблиските!“ 

чоколадна раванија со мармалад

Ви препорачуваме да прочитате: Пенасти манчмелоу коцки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Солен венец со варени јајца https://sezahrana.mk/%d1%81%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%86-%d1%81%d0%be-%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0/ Mon, 25 May 2020 09:42:13 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32084 Дали ви се случило да ви останат варени јајца а немате идеја како да ги потрошите? Имаме совршен рецепт за вас. Овој пат спремивме нешто различно и интересно, солен венец со варени јајца кој ни доаѓа од кујната  на Лана.

]]>
Дали ви се случило да ви останат варени јајца а немате идеја како да ги потрошите? Имаме совршен рецепт за вас. Овој пат спремивме нешто различно и интересно, солен венец со варени јајца кој ни доаѓа од кујната  на Лана.

Одлична идеја за главно јадење кое не одзема многу време, а ќе го сака целото семејство.

солен венец со варени јајца

Состојки:

  • 250 г лиснато тесто
  • 200 г мелено месо
  • 1 средна тиквичка
  • 1 чешне лук
  • 1 главица кромид
  • 150 г ориз
  • 5-6 варени јајца
  • 1 јајце за премачкување
  • Сол
  • Црн пипер
  • Свеж магдонос.

Подготовка:

  1. Во тава ставете малку масло да се загрее. Лукот исечкајте го и и ставете го во тавата малку да се пропржи.
  2. Додајте го месото и мешајте околу 10 минути
  3. Излупете го тиквето, исечкајте го на ситно и додадете го во месото и пржете го заедно.
  4. Додајте сол по ваш вкус и додајте го оризот.
  5. Пржете со повремено додавање на малку вода додека оризот не омекне.
  6. Тргнете ја тавата од оган и оставете да олади.
  7. Варените јајца излупете ги, а калапот за венецот намачкајте го со масло.
  8. Лиснатото тесто нежно развлечете го и ставете го во калапот така што тестото да оди и преку ивиците на калапот.
  9. Половина од филот ставете во калапот и од горе наредете ги варените јајца, и над јајцата распоредете ја и другата половина од филот
  10. Краевите од тестото преклопете ги преку филот, и добро притиснете ги така што да не се отвори тестото при печењето.
  11. Премачкајте го тестото со изматено јајце и ставете го венецот на печење во претходно загреана рерна. Печете на 220 степени околу 30 до 40 минути.
  12. Откако ќе се испечи оставете го венецот малку да се излади. Изладениот солен венец декорирајте го со рендано сирење и украсете го по желба.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 рецепти за главно јадење со варени јајца.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

]]>
Прованса зачинот е магичната состојка на француската кујна https://sezahrana.mk/%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d1%87%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%88%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0/ Fri, 22 May 2020 10:29:47 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32165 За миг отпатувајте до Франција и уживајте во мирисите на Прованса со помош на кујнската магија. Запознајте се со познатата зачинска мешавина – Прованса (Herbes De Provance) и почувствувајте го мирисот на француската кујна во вашиот дом. Популарна ширум светот, а сега достапна и кај нас. Ве запознаваме што е прованса и како да ја искористите за подготовка на супер вкусни јадења.  

]]>
За миг отпатувајте до Франција и уживајте во мирисите на Прованса со помош на кујнската магија. Запознајте се со познатата зачинска мешавина – Прованса (Herbes De Provance) и почувствувајте го мирисот на француската кујна во вашиот дом. Популарна ширум светот, а сега достапна и кај нас. Ве запознаваме што е прованса и како да ја искористите за подготовка на супер вкусни јадења.  

Станува збор за микс од зачини, кои се карактеристични за регионот Прованса во југоисточна Франција. Жителите на овој регион често ги користеле овие зачини уште во 70-тите години на минатиот век. Благодарение на совршениот вкус, миксот на зачини станал популарен и го освоил светот.

зачинска мешавина прованса

Во кои јадења и како се користи Прованса зачинот?

Провансата ја сочинуваат зачинските растенија кои се карактеристични за овој регион како босилек, мајоран и мајчина душица. Се користи како зачин за подготовка на риби и месо на скара, но одлично се вкопува и во чорби од зеленчук. Некои готвачи ја препорачуваат провансата за зачинување на салати, пуканки или сирење. Најчесто се додава пред или за време на готвењето. Овој популарен зачин од неодамна е достапен и кај нас. Рајска градина го збогати својот асортиман со Прованса, а тоа ни беше мотив да дознаеме повеќе за зачинот и да започнеме да го користиме. Зачинот може да се набави во маркетите на Стокомак.

Прованса зачинот може да го направите и дома

Ако немате во близина маркет од каде што може да го набавите Прованса, посетете го најблискиот поголем маркет и изберете ги зачините на Рајска градина со кои може да го направите францускиот микс во својот дом.

Состојки:

Подготовка:

Рузмаринот сомелете го во кујнски сечко додека добиете прав. Вака добиениот прав помешајте го со останатите зачини во чиста тегла со капак. Подготвената зачинска мешавина чувајте ја на чисто и темно место.

прованса микс

Наша препорака:

Овој период секогаш избирајте зачини кои се добро спакувани и заштитени. Кога станува збор за нив, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина и ги купуваме зачините меѓу кои, босилек, оригано, рузмарин,  магдонос,  чубрица, мајчина душица и други.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои се храна и лек.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

]]>
Мексиканска енчилада со пилешко месо https://sezahrana.mk/%d0%bc%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b5%d0%bd%d1%87%d0%b8%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d1%88%d0%ba%d0%be-%d0%bc%d0%b5%d1%81%d0%be/ Fri, 22 May 2020 07:48:36 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31999 Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.

]]>
Популарната енчилада приготвена во кујната на Сѐ за храна! Време е за ново гастрономско уживање и дегустација на мексиканската кујна. Гурмански специјалитет со богат вкус, кој потекнува од 19-от век.

Подготовката на енчиладата е едноставна, а за нецел час ќе имате супер вкусен ручек за целото семејство. Набавете пилешки стек, Битолска павалка и тортиљи, па препуштете се на новото гастрономско доживување за кое гарантираме дека ќе му се допадне на целото семејство. 

мексиканска енчилада

Состојки:

  • 350 г пилешки стек
  • 1 помала главица кромид
  • 5-6 лажици масло
  • 100 г Битолска павлака со 20% мм
  • 200 г рендан кашкавал
  • енчилада сос
  • 7 тортиљи. 

За енчилада сос:

  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 600 мл вода
  • 250 мл доматен сос
  • 1 мала лажичка оригано
  • 1 мала лажичка чили зачин
  • 1 мала лажичка тако зачин
  • ¼ мала лажичка лук во прав
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица густин (нишесте)
  • сол и мелен црн пипер по вкус. 

Подготовка:

  1. Започнете со подготовка на енчилада сосот. Во сад на оган ставете 500 мл вода да се вари. Штом водата зоврие додајте ја коцката за супа. Варете 2 до 3 минути, а потоа додајте го доматиот сос, ориганото, чили, тако зачинот и лукот во прав.
  2. Во мал сад ставете ги брашното и густинот. Измешајте ги и додајте 100 мл ладна вода. Во сосот додајте го разматеното брашно и продолжете со варење околу 3 до 4 минути додека се згусти. Посолете и зачинете со мелен црн пипер по вкус. 
  3. Пилешкиот стек исечкајте го на тенки ленти. Кромидот ситно исечкајте го. 
  4. Во тава на оган ставете 2-3 лажици масло да се загреат. Во загреаното масло пропржете го стекот околу 3-4 минути, додека малку порумени. Извадете го од тавата. 
  5. Во тавата додајте го преостанатото масло и ситно сечканиот кромид. Пржете го кромидот околу 5 минути, а потоа додајте го пилешкиот стек. Заедно пропржете ги уште 2-3 минути. Тавата тргнете ја од огнот и додајте 1 чаша од енчилада сосот и 100 г Битолска павлака. Измешајте за да се соединат, а на крај додајте 1 чаша рендан кашкавал. 
  6. Во тавата за печење ставете 3-4 лажици од енчилада сосот. 
  7. Врз секоја тортиља нанесете 1 лажица сос и 2-3 лажици од филот со пилешкото месо и павлаката. Тортиљата свиткајте ја како ролат и ставете ја во тавата за печење. Врз тортиљите ставете го преостанатиот енчилада сос. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени и ставете ја енчиладата да се печи за време од 15 минути. Потоа, извадете ја од рерната и нанесете го преостанатиот рендан кашкавал. Продолжете со печењето уште 10 минути додека кашкавалот се растопи. 
  8. Топлата мексиканска енчилада послужете ја веднаш. Уживајте во фантастичниот вкус со Сѐ за храна!
мексиканска енчилада

Препорака од авторот:

„Пикантно, со богата арома на доматен сос, меки тортиљи, кремасто пилешко и финиш на растопен кашкавал. Оваа мексиканска енчилада едноставно мора да се проба. Обожавам да испробувам различни јадења од интернационалната кујна, а овој пат се одлучив да ви го доловам вкусот на Мексико и во вашиот дом. Направете ја енчиладата, тагирајте ме на стори, објавете ја во групата на Сѐ за храна и пишете ми како ви се допаднала. Сигурна сум дека тоа ќе биде еден од вашите омилени рецепти.“ – вели Марија.  

За сите прашања околу подготовката пишете и на Марија Кочовска (Facebook или Instagram) од нашиот тим која ја направи, фотографира и нѐ мотивира да го пробаме овој гурмански рецепт од мексиканската кујна. 

мексиканска енчилада

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени шампињони со павлака и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Пролетна свежа салата со домати и спанаќ https://sezahrana.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d0%b6%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d0%bd/ Thu, 21 May 2020 08:09:47 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31878 Кога станува збор за здрава исхрана, прво нешто што ни паѓа на памет е чинија со свежа салата која изобилува со зеленчуци. И да, токму така салатата е основа на секој здрав оброк. Сигурно веќе сте слушнале дека свежиот зеленчук изобилува со витамини и минерали кои ни се неопходни за здрав развој и правилно функционирање на организмот, што е од особена важност во пролетниот период, кога времето е променливо, а состојбата со вирусите сѐ уште актуелна. Тоа нѐ мотивира за подготовка на пролетната свежа салата со домати и спанаќ.

]]>
Кога станува збор за здрава исхрана, прво нешто што ни паѓа на памет е чинија со свежа салата која изобилува со зеленчуци. И да, токму така салатата е основа на секој здрав оброк. Сигурно веќе сте слушнале дека свежиот зеленчук изобилува со витамини и минерали кои ни се неопходни за здрав развој и правилно функционирање на организмот, што е од особена важност во пролетниот период, кога времето е променливо, а состојбата со вирусите сѐ уште актуелна. Тоа нѐ мотивира за подготовка на пролетната свежа салата со домати и спанаќ.

Брза и едноставна за подготовка, но сепак многу вкусна. Еве неколку придобивки кои ќе ве мотивираат да ја направите салатата уште денес.

свежа салата со домати

Доматите го зајакнуваат имунитетот и помагаат за намалување на вишокот килограми

Доматите имаат ниска калориска вредност, што е препорачливо во најголемиот број на режими на исхрана, а посебно кога станува збор за детоксикација и намалување на вишокот килограми. Го зајакнуваат имунитетот и се добри за борба против инфекции.

Спанаќот ја чува младоста и го подобрува изгледот на кожата

Спанаќот е извор е на голема количина на витамините C и А, што го прави да биде познат како зеленчук против стареење. Исто така содржи витамин К, кој помага во процесот на правилно згрутчување на крвта.

Маслата богати со омега-3 се чувари на здравјето на срцето и помагаат за намалување на холестеролот

Омега-3 масните киселини кои ги содржат новoто Brilliant Extra Virgin, ладно цедено маслиново масло и маслото Брилијант Омега-3 се сметаат за пријатели на здравјето. Тие се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои регулираат голем број функции во телото. Овие простагландини ги намалуваат воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол. Доволно придобивки кои ќе ве мотивираат да ја пробате оваа салата!

Состојки:

Подготовка:

  1. Доматите исечкајте ги на мали кругови или четвртинки. Краставицата исечете ја на кругови.
  2. Спанаќот и ливчињата рукола, добро измијте ги и исечкајте ги. 
  3. Спанаќот и руколата додајте ги во садот со доматите и краставицата. 
  4. Кромидот излупете го и исечкајте го на кругови и додајте го во садот со зеленчуците.
  5. По желба може да додадете и маслинки. 
  6. Сите состојки измешајте ги и зачинете со мешавината од зачини, балсамико и масло Брилијант омега 3. Готовата свежа салата со домати и спанаќ послужете ја веднаш како прилог за ручек или вечера. Уживајте во светот на вкусовите!
салата со домати и спанаќ

Ви препорачуваме да прочитате: Пролетна свежа салата со прелив од мајонез и павлака.

Следете ја sezahrana.mk и нa Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Деана протокол за третман на амиотрофична латерална склероза (АЛС) https://sezahrana.mk/%d0%b4%d0%b5%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%bc%d0%b0%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d0%be%d1%82%d1%80%d0%be%d1%84/ Wed, 20 May 2020 09:22:20 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31910 Дали сте слушнале за амиотрофична латерална склероза? Дали сте запознаени со Деана протокол? – Овие два термини не ни беа познати и нам, а за болеста прочитавме на интернет. Поттикнати од желбата да дознаеме повеќе, решивме да истражуваме на оваа тема со цел да им помогнеме на лицата кои страдаат од АЛС како да ја третираат и да ги ублажат непријатните симптоми кои таа ги предизвикува.

]]>
Дали сте слушнале за амиотрофична латерална склероза? Дали сте запознаени со Деана протокол? – Овие два термини не ни беа познати и нам, а за болеста прочитавме на интернет. Поттикнати од желбата да дознаеме повеќе, решивме да истражуваме на оваа тема со цел да им помогнеме на лицата кои страдаат од АЛС како да ја третираат и да ги ублажат непријатните симптоми кои таа ги предизвикува.

Ако ви е дијагностицирана АЛС вам или на ваш близок, прочитајте што е Деана протокол, кои суплементи ги вклучува и како тие делуваат.

GABA neurotransmiter 2

Што е амиотрофична латерална склероза (АЛС)

Амиотрофична латерална склероза (АЛС) е прогресивна невродегенеративна болест која ги зафаќа моторните неврони и предизвикува губење контрола врз мускулите. Ги оштетува нервните клетки на мозокот и ’ рбетниот столб. Кога моторните неврони се оштетени, тие престануваат да испраќаат сигнали до мускулите, па мускулите не можат да функционираат. Всушност, мускулите не се хранат, па тие атрофираат, односно се трошат. Ова значи дека АЛС го зафаќа волевото движење на мускулите. Како што болеста прогресира, мускулите слабеат и предизвикува парализа. Најчеста причина за смрт како последица на АЛС е престанок на дишењето.

Постојат два типа на АЛС, спорадична и фамилијарна. Најчести се случаите на спорадична АЛС. Болеста се појавува на возраст помеѓу 40 и 60 години. За АЛС сѐ уште нема специфичен лек, но постои терапија за одржување на болеста, а се истражуваат и клинички зафати. Причините за оваа болест уште не се конкретно утврдени, па докторите сметаат дека како фактори се јавуваат наследните особини, возраста, полот, оштетувањата предизвикани од слободните радикали, пушење, изложеност на токсини и друго.

Симптоми и знаци на АЛС

  • проблеми при движење или вршење на нормални дневни активности
  • често сопнување и паѓање
  • треперење на мускулите
  • слабост во нозете и рацете
  • отежнат говор
  • отежнато џвакање и голтање
  • проблеми со дигестијата
  • деменција
  • малнутриции
  • грчеви во мускулите и друго.

Како е настанат Деана протоколот и што вклучува

Винсент Тедоне, пензиониран ортопед, го создал протоколот пред 12 години за неговата ќерка Деана на која и била дијагностицирана АЛС. Пред да го состави протоколот, Тедоне истражувал стручна литература. Литературата која тој ја читал била во врска со заштита и превенција на нервните клетки од изумирање и го набљудувал забавувањето на болеста кај неговата ќерка. Деана протоколот е збир на комерцијално достапни нутриенти во вид на суплементи. Овие нутриенти ги има во телото, но кај лицата со АЛС се во мали количини. Дадени се препорачани дневни дози за сите суплементи. Покрај суплементи, протоколот препорачува дневни масажи на мускулите со екстра девствено кокосово масло. А доколку лицето може да поднесе чисто кокосово масло, се препорачува и орално внесување на истото. Потребна е и посебна исхрана, поточно кетогена диета. Тедоне советува и физичка активност во вид на аеробни вежби, вежби за зајакнување на мускулите, вежби за полесно движење и истегнување. Протоколот не е лек за АЛС, но влијае на подобрување на квалитетот на животот и ги ублажува симптомите на оваа болест.

Суплементи вклучени во Деана протоколот

AKG за зајакнување на мускулите, глутатион и идебенон во улога на антиоксиданси

AKG се користи како суплемент поради неговата моќ да го забрзува метаболизмот на протеините и да спречи оштетување на мускулите при вежбање или после хируршки зафат. Глутатионот е трипептид кој може да биде синтетизиран во телото и има својство да ги неутрализира слободните радикали. Идебенонот е синтетичка супстанца која структурно се поврзува со CoQ10 и се смета за антиоксиданс.

L-Arginine за зголемена синтеза на протеини

L-arginine е аминокиселина која има учество во синтезата на ДНК и производство на протеините. Таа е важен претходник на азот оксид и на тој начин игра улога во дилатацијата на крвните садови. Се смета дека земањето на L-arginine го зголемува дотокот на крв во мускулите за време на вежбање.

GABA за релаксација на мускулите

GABA е не-протеинска амино киселина која функционира како невротрансмитер во човечкиот мозок и помага за пренесување на нервните импулси. Природно се создава во организмот и нејзиното присуство во централниот нервен систем може да помогне во промовирање на релаксација и олеснување на нервната напнатост.

Витаминот Б-12 го подобрува функционирањето на нервниот систем

Б-12 има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и хомоцистеинот. Витаминот Б-12 учествува во добивањето енергија од мастите, јагленохидратите и протеините.

Коензим Q10 и убикинол за повеќе енергија

Коензимот Q10 (CoQ10) е соединение кое има централна улога во производство на клеточната енергија. Го има во целото тело, а неговото производство се намалува со возраста. CoQ10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Убикинолот е редуцирана и активна форма на CoQ10. Тој е исто така основа за производство на енергија на митоходриите и дејствува како моќен, растворлив во масти, елиминатор на слободните радикали.

Витаминот Д ги штити нервите на многу начини

Витаминот Д може да го забави развојот на АЛС. Недостатокот на витамин Д може да ја намали когнитивната функција, па затоа се препорачува суплементација со овој витамин. Витаминот Д ги штити нервите така што ги пронаоѓа факторите кои доведуваат до невродегенерација. Не секое лице со АЛС има потреба од овој витамин, па затоа внимавајте да не дојде до предозирање.

Гинкго билоба против оксидативен стрес

Користењето на гинкго билоба како додаток во исхраната го намалува ризикот од деменција. Ги уништува слободните радикали, ја зголемува пероксидацијата на липидите и го има невропротективни ефекти.

Магнезиум за силни мускули

Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста, нормално функционирање на нервниот систем, нормална мускулна функција, синтеза на протеини и нормална ментална функција.

Неколку препораки од нас:

Дел од додатоците во исхраната препорачани во Деана протоколот може да ги најдете на онлајн продавница на Тримекс и да ги порачате со бесплатна достава. Исто така, тие се достапни и во поголемите аптеки ширум земјата. Ние сме задоволни корисници на додатоците во исхраната од Тримекс и затоа ги препорачуваме. Повеќето се од американскиот бренд NOW, компанија со 50 годишна традиција, најнаградувана компанија од областа на нутритивни додатоци во исхраната, најдобар производител според задоволство на потрошувачите, сертифицирани дека употребуваат највисоки процедури за квалитет во производството. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Можни несакани ефекти од примената на Деана протоколот се:

  • дијареа
  • анксиозност
  • намален апетит.

Важно: Пред да започнете со Деана протокол, консултирајте се со матичен лекар, невролог и нутриционист.

Повеќе за Деана протоколот, прочитајте на ALS Untangled No. 20: The Deanna Protocol.

Ви препорачуваме да прочитате: Коимбра протокол – помош за пациенти со автоимуни заболувања.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinerest.

]]>
Чоколадна Захер торта – популарна и обожавана ширум светот https://sezahrana.mk/%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d1%85%d0%b5%d1%80-%d1%82%d0%be%d1%80%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d1%83%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d0%be/ Tue, 19 May 2020 08:29:14 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31852 Совршен спој на чоколадо и вкусен мармалад од кајсии преточени во слатко уживање наречено Захер торта. Овој познат виенски десерт ќе ве освои уште на првиот залак. Па, доколку сте љубители на десерти, топло ви препорачуваме да ја пробате највкусната чоколадна Захер торта и да се препуштите на слаткото уживање на сите сетила.

]]>
Совршен спој на чоколадо и вкусен мармалад од кајсии преточени во слатко уживање наречено Захер торта. Овој познат виенски десерт ќе ве освои уште на првиот залак. Па, доколку сте љубители на десерти, топло ви препорачуваме да ја пробате највкусната чоколадна Захер торта и да се препуштите на слаткото уживање на сите сетила.

Интересно кај оваа торта е тоа што најубаво е да се консумира после два дена од нејзината подготовка. Тогаш е совршено мека, а мармаладот од кајсии се преплетува со чоколадното тесто, па се креира слатка композција по која е позната оваа торта. Богатиот чоколаден вкус доминира, што ја прави оваа Захер торта совршена за сите љубители на чоколадо.

захер торта

Состојки:

  • 1¼ чаша брашно
  • ½ лажица прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол
  • 1 чаша несолен путер на собна температура
  • 1 чаша шеќер
  • 8 јајца на собна температура
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 170 г растопено чоколадо за готвење.

За фил:

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги пресеаното брашно, прашокот за печиво и солта.
  2. Во сад за матење ставете ги путерот и половина од шеќерот. Изматете ги со миксер околу 1-2 минути.
  3. Жолчките одделете ги од белките. Во садот со путерот додајте ги жолчките и ванилиниот шеќер, и продолжете со матењето за да се соединат состојките. 
  4. Во садот со брашното додајте ја сместата со жолчките и кратко измешајте со жица за матење.
  5. Чоколадото растопете го на пареа и додајте го во садот со брашното.
  6. Во сад за матење ставете ги белките и изматете ги со миксер. Притоа, постепено додајте го преостанатиот шеќер.
  7. Изматените белки додајте ги во чоколадната смеса и добро измешајте со жица за матење. 
  8. Смесата ставете ја во калап (со дијаметар 22-23 см) обложен со хартија за печење. 
  9. Тортата печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 до 50 минути.
  10. Печената торта оставете ја да се излади 10 минути, а потоа префрлете ја на решеткаста подлога за да се излади целосно.
  11. Изладената торта со остар нож поделете ја на половина (може со конец ако така ви е полесно).
  12. Во меѓувреме подгответе го филот. Измешајте ги румот и мармаладот од кајсии од Рес-Ком.
  13. Едниот пандишпан ставете го врз чинија за торта. Премачкајте го со 1/3 од мармаладот, а потоа ставете го горниот дел од тортата.
  14. Преостанатиот мармалад загрејте го во микробранова печка околу 30 секунди, а потоа премачкајте ја целата торта.
  15. Тортата оставете ја да се излади на собна температура околу 1 час.
  16. Во сад на пареа растопете го чоколадото заедно со путерот. Со чоколадната глазура прелијте ја тортата и добро измазнете ја со помош на нож или силиконска лажица. Готовата чоколадна Захер торта чувајте ја и послужете ја на собна температура. На здравје!

Совет плус:

За подготовка на чоколадната Захер торта користете квалитетен мармалад од кајсии и квалитетно темно чоколадо. Наш прв избор е мармаладот од кајсија од Рес-Ком кој има богат вкус и слатки овошни ноти. Најважно од сѐ, гответе со љубов и со радост! Ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

чоколадна захер торта

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни мафини со џем од јагода.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

]]>
Брашно за пица од Жито Лукс https://sezahrana.mk/%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%b6%d0%b8%d1%82%d0%be-%d0%bb%d1%83%d0%ba%d1%81/ Tue, 19 May 2020 08:07:15 +0000 https://sezahrana.mk/?p=32267 Брашно за пица е најновиот производ со кој Жито Лукс го збогатува своето портфолио. Ова е првото вакво брашно на пазарот од домашен производител и претставува континуитет на компанијата во збогатување на пазарот со иновативни производи и проширување на понудата според барањата на потрошувачите.

]]>
Брашно за пица е најновиот производ со кој Жито Лукс го збогатува своето портфолио. Ова е првото вакво брашно на пазарот од домашен производител и претставува континуитет на компанијата во збогатување на пазарот со иновативни производи и проширување на понудата според барањата на потрошувачите.

“Создавањето на брашното за пица следи како одговор на барањата и потребите на потрошувачите, но и дополнување на пазарот со наменски создадено брашно, за кое веруваме дека ќе најде голема домашна примена и со тоа уште еднаш ќе ја потврдиме довербата укажана од консументите”, велат од Жито Лукс.

брашно за пица

Создадено со долгогодишно знаење и со традиција, брашното за пица претставува висококвалитетен производ со специфични карактеристики за домашна подготовка на пица и производи од ферментирано тесто: фокача, фурнарини и слични печива. Брашното е меко, лесно се замесува, одлично се растегнува и не се кине, а пицата и печивата направени со него имаат незаборавен вкус.

Им посакуваме успех на нашите пријатели од Жито Лукс и нетрпение очекуваме да го пробаме и да ги направиме највкусните специјалитети!

]]>
Инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот https://sezahrana.mk/%d0%b8%d0%bd%d1%83%d0%bb%d0%b8%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d1%83%d0%b2/ Mon, 18 May 2020 09:38:16 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31815 Познато е дека храната богата со растителни влакна помага за регулирање на телесната маса, како и за здрав дигестивен систем. Но, дали знаете дека постои растително влакно – инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот? Имате проблем со варењето на храната или пак сакате да ја намалите телесната маса? – Прочитајте го текстот кој го подготвивме за придобивките од инулинот.

]]>
Познато е дека храната богата со растителни влакна помага за регулирање на телесната маса, како и за здрав дигестивен систем. Но, дали знаете дека постои растително влакно – инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот? Имате проблем со варењето на храната или пак сакате да ја намалите телесната маса? – Прочитајте го текстот кој го подготвивме за придобивките од инулинот.

Како што се движи низ дигестивниот систем, инулинот ги храни добрите бактерии во цревата и го чисти телото од штетни честички, го апсорбира холестеролот и прави да се чувствуваме сити.

храна со диетални влакна 2

Што е инулин?

Инулинот спаѓа во групата на растворливи (солубилни) растителни влакна. Најмногу го има во корен од цикорија како и во уште 36 000 растенија, меѓу кои и цело зрно пченица, кромид, банани, лук, аспагарус и ерусалимска артичока. Инулинот е тип на фруктан, олигофруктозен шеќер. Се наоѓа во коренот и стеблото на растенијата како складирана енергија. Ја регулира внатрешната температура на растенијата. Инулинот е 4 пати помалку калоричен од белиот шеќер, што го прави погоден за дијабетичари.

Инулин за подобрo варење на храната

Помош при констипација

Како инулинот помага во ослободување на фецесот? – Поради неговата хемиска композиција, кога инулинот се меша со течност, формира кремаст гел кој ја намалува констипацијата. Таквиот гел има структура слична на мастите што дополнително помага во движењето на фецесот низ цревата и го намалува ризикот од појава на хемороиди. Во една студија од 2017 година е откриено дека консумирањето на инулин дава позитивни резултати кај возрасни лица со хронична констипација. Во оваа студија, учесниците земале 4 грама инулин три пати на ден. Друга студија која го истражувала влијанието на инулинот врз констипацијата кај постарите лица, докажала дека со консумација на 15 грама инулин на ден, во рок од еден месец, се подобрило движењето на храната низ цревата кај испитаниците.

Делува како пребиотик и го подобрува здравјето на цревата

Инулинот е недигестивен пребиотик и токму поради тоа не се апсорбира во дебелото црево. При овој процес, инулинот природно ферментира и ја храни микрофлората на цревата. Истражувањата покажале дека оваа олигофруктоза има улога на пребиотик кој делува на слузокожата на цревата и ги контролира ендокрините и имуните функции. Со стимулирање на растот на добрата микрофлора, инулинот може да го намали бројот на потенцијално штетни бактерии кои можат да предизвикаат инфламација на цревата.

За потребите на дигестивниот систем, ви го препорачуваме Inulin-от на NOW ® Инулинот на NOW ® е растворливо пребиотичко влакно кое е отпорно на варење и допира до дебелото црево непроменето. Цревните пробиотски бактерии консумираат инулин и за возврат произведуваат масни киселини со краток синџир, кои ги потхрануваат клетките на дебелото црево. На тој начин помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Инулинот има пријатен вкус кој дава блага сладост на храната и пијалаците, но има многу низок гликемичен индекс и нема негативно влијание на серумските нивоа на гликоза. Производот со супер попуст може да го најдете на онлајн продавницата на Тримекс.

Inulin-от на NOW ® е:

  • Сертифицирано органски
  • Чист прашок
  • Пребиотска дигестивна поддршка
  • Ги храни добрите бактерии
  • Со многу низок гликемиски индекс
  • Од сина агава.
инулин

Ако сакате да ја обновите микрофлората во цревата, имате запек, лошо варење, гасови и непријатност ви препорачуваме да ја ги прочитате следните текстови:

Инулин за намалување на апетитот

Иако има ниска калорична вредност, инулинот може да направи да се чувствувате помалку гладни. Нутриционистите препорачуваат луѓето кои сакаат да ја намалат телесната маса, да го зголемат внесот на диететски влакна. Внесот на инулин на овие лица им помага да го намалат апетитот и истовремено да ги намалат наглите промени во нивото на шеќер во крвта.

Гелот кој се формира кога инулинот се комбинира во вода, се шири во дигестивниот систем. Ширењето на гелот може да помогне во намалувањето на апетитот што потенцијално доведува до губење на вишокот килограми. Исто така, го намалува процесот на празнење на храната од желудникот и истовремено зазема поголем волумен, што доведува до чувство на ситост брзо после оброк.

Искористете ја акцијата и набавате инулин со попуст!

Искористете ја акцијата и порачајте инулин со попуст преку онлајн продавницата на Тримекс, со вклучена бесплатна достава. Производот може да го најдете во поголемите апетки, но попустот важи само за нарачки преку онлајн продавницата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Што е инулин и зошто е добар за здравјето?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

]]>
Домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда https://sezahrana.mk/%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%b5%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bc-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%bd/ Fri, 15 May 2020 08:22:22 +0000 https://sezahrana.mk/?p=31959 Се изгоревте? Сѐ што ви треба за да ја ублажите болката и заздравите раната се само две состојки – мед и лаванда! Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со болни изгореници, без разлика дали настанале како резултат на прекумерна изложеност на сонце, невнимателно работење во кујна или од врела вода при капење. За третирање на мали и полесни изгореници може да ви помогне едноставен домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда. Доколку немате масло од лаванда, доволно е само да нанесете мед, но секогаш бирајте мед со проверен квалитет од докажан производител.

]]>
Се изгоревте? Сѐ што ви треба за да ја ублажите болката и заздравите раната се само две состојки – мед и лаванда! Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со болни изгореници, без разлика дали настанале како резултат на прекумерна изложеност на сонце, невнимателно работење во кујна или од врела вода при капење. За третирање на мали и полесни изгореници може да ви помогне едноставен домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда. Доколку немате масло од лаванда, доволно е само да нанесете мед, но секогаш бирајте мед со проверен квалитет од докажан производител.

Можеме да ги препорачаме Рес-Ком, кои долги години се лидери за производство на домашен и природен мед. Нивната палета изобилува со различни врсти на мед и навистина може да избирате по свој вкус и желба. Мед од багрем, липов, планински, шумски, дабов… Кој и да го изберете, нема да згрешите. Ако сакате дополнителни информации за производите на Рес-Ком, посетете ја нивната фан страница, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

мелем против изгореници

Мед против изгореници и рани

За лековитите својства на медот знаеле уште древните Египќани, Римјани, Грци и Кинези, кои го користеле во традиционалната медицина за третман на изгореници. Но и модерната медицина преку бројни истражувања ја докажала лековитоста на медот, примарно преку антибактерсиките својства кои ги поседува против грам – позитивните и грам –  негативните бактерии и разни габични инфекции. Во одредени студии се покажало дека медот е многу поефикасен од антибактериските креми и сребро сулфадизин кои се користат за третман на изгореници. Кај 52 испитаници кои се третирале со мед против изгореници, дури кај 91% раната била стерилна после една седмица. Од друга страна, кај 52 испитаници кои се третирале со сребро сулфадизин, само кај 7% раната била без присутни знаци на воспалителен процес после една недела. Тоа се должи на својството на медот да ги дезинфицира раните, но и да ги намалува воспалителните процеси, додека истовремено и го забрзува процесот на заздравување.

Како дејствува медот врз изгорениците?

  • Ги извлекува течностите од ткивото и околу изгореницата формира заштитна бариера.
  • Создава оптимално опкружување за раст на нови, здрави клетки.
  • Ја храни кожата со витамини и аминокиселини кои го забрзуваат заздравувањето.
  • Го поттикнува протокот на лимфа, што исто така го помага заздравувањто на раните.
  • Го помага растот на ткивата и заздравувањето на површинските слоеви на кожата.
  • Ги намалува лузните.

Маслото од лаванда ја ублажува болката

Етеричното масло од лаванда содржи линалил – ацетат и линалол кои го намалуваат чувството на болка при изгореници на кожата. Овие состојки имаат слично дејство како и аналгетиците и анестетиците. Ова масло поседува и антибактериско и антимикробно дејство, па на одличен начин го потпомага дејството на медот при третман на изгореници.

Домашен мелем против изгореници и рани од мед и лаванда

Најчесто сите инстиктивно изгореницата ја ставаме под млаз ладна вода, што моментално ја олеснува болката, но потоа чувството на жарење повторно се враќа. Постои природно решение кое ја ублажува болката, а истовремено и ја регенерира изгорената кожа.

мелем против изгореници

Состојки:

Начин на изработка и употреба:

  1. Во чист стаклен сад со капак измешајте ги медот и етеричното масло од лаванда.
  2. Вака подготвениот мелем против изгореници нанесувајте го во тенок слој врз раната, изгореницата или исеченица.
  3. Може да користете и само мед така што ќе го нанесите врз стерилна газа која ќе ја ставите врз изгореницата. Менувајте ја газата неколку пати на ден.

Напомена: Доколку изгореницата зафаќа поголем дел од кожата и доколку имате изгореници од втор, трет или четврт степен, задолжително обратете се на доктор.

Ви препорачуваме да прочитате: Мед и таан – совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

]]>