9 домашни третмани против акни 1

9 домашни третмани против акни

Акните се доста голем проблем кој го погодува голем број од нас. Бидејќи сите сакаме да имаме чисто лице кое е негувано и зрачи со свежина и чистота, мора да бидеме свесни дека повремената професионална нега мора да биде да биде поткрепена со секојдневна домашна нега. Токму поради тоа ви припремивме листа со повеќе совети и методи како најдобро да се справите со кожата на лицето. Погледнете кои домашни третмани против акни ги издвоивме за вас!

акни

3 природни начини за лекување на акни

Акните најчесто се јавуваат во време на пубертетот, но многу возрасни се соочуваат со овој проблем, кој предизвикува оштетување и лузни на кожата. Една од најчестите причини за појава на акни се жлездите произведуваат масна течност, позната како себум, кој проаѓа низ мртвите клетки на кожата врз нејзината површина. Транспортот на себумот се прави низ фоликулите, а понекогаш тоа  предизвикува нивно блокирање и акумулација на масната течност под кожата. Тоа доведува до насобирање на бактерии кои доведуваат до појава на акни.

масло од камилица

Направи сам: Масло од камилица

Маслото од камилица е едно од најшироко користените масла во ароматерапијата и е корисно за намалување на стресот и анксиозноста, како и за третирање на различни заболувања на кожата меѓу кои акни, егзема, сува кожата, дерматитис и чиреви. За да ги искористите придобивките кои ги нуди, може да купите или да ги набавите потребните состојки и дома да направите масло од камилица. Заинтересирани сте? Тогаш продолжете да ја читате оваа Направи сам содржина и следете ги чекорите за да направите масло од камилица.

бели алишта

Со природни намирници до чисти и бели алишта

Сите посакуваме белите алишта да останат совршено бели со текот на времето. А колку често ви се случило да си купите совршен бел фустан или бели панталони и во моментот кога ќе излезете надвор дамките како да се лепат на истите сосема незабележливо? Ако вашите бели алишта изгледаат како да го изгубиле својот сјај, следните природни намирници ќе ви помогнат да ја вратите убавата боја.

Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина 1

Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина

Некои од нас живеат во куќи, а некои во станови, но секој од нас може да го испроба овој предлог! Овој текст го пишуваме за сите љубители на зачински и декоративни растенија, бидејќи секој може да го искористи според најдобриот  начин за неговиот простор. Наместо да ги фрлате пластичните шишиња, изберете погоден ѕид  и претворете го во украсна и корисна висечка градина.

Домашно ароматично масло за масажа и релаксација 1

Домашно ароматично масло за масажа и релаксација

Викендот е совршено време за опуштање и доза на љубов и прегратки. Можете да подготвите и за себе, а уште подобро изненадете го партнерот така што ќе направите домашно ароматично масло за масажа кое може да го користите за да си овозможите пријатно мирисно уживање.

Лековит напиток од цвекло кој го чисти црниот дроб и бубрезите 1

Лековит напиток од цвекло кој го чисти црниот дроб и бубрезите

Овој лековит напиток од цвекло доаѓа од руската традиционална медицина, а е познат по тоа што во себе крие неверојатна лековита моќ. Лесно се прави и се смета за најдобар немедицински лек за хипертензија (покачен крвен притисок) бидејќи овозможува нормализирање на крвниот притисок за подолг временски период.

Како да направите дома сочни ќебапи 1

Како да направите дома сочни ќебапи?

Потеклото на зборот ќебап е од персиско потекло и значи пржено месо, а постојат трагови кои кажуваат дека ќебапите водат до стара Грција. Секако, она што нé интересира сите нас е како да направиме совршена смеса за сочни ќебапи и да добиеме исто толку убаво јадење како во ќебапчилниците.

велигденски јајца со салфетка

Decoupage техника за декорација на велигденски јајца со салфетка

Оваа техника која е позната под името Decoupage, претставува начин на декорација на велигденски јајца со салфетка. Креативната Клара ја испроба оваа техника, па ни приложи автентични фотографии од кои само можете да се воодушевите!

Направете лесно мермерни велигденски јајца 1

Направете лесно мермерни велигденски јајца

Има толку многу техники, а толку малку време, нели? Изберете ја својата најдобра и најомилена техника за боење на јајцата овој Велигден.Овој пат ќе имате можност да ја погледнете многу интересната техника за изработка на мермерни велигденски јајца.

идеи за бојадисување на велигденски јајца

7 интересни идеи за бојадисување на велигденски јајца

Велигденските празници се наближуваат, па време е да започнеме да ја планираме велигденската трпеза и да собираме идеи за бојадисување на јајца. Традицијата на боење на Велигденски јајца не е нова и е празнувана од сите христијани, буди размена на позитивни емоции и секоја година е обожавана од голем број од нас.

велигденска торбичка

Направи сам: Велигденска торбичка – зајаче

Велигденските празници се наближуваат, а со тоа започнува украсувањето, шарените јајца и креативните идеи. За вашите најмали и најмили имаме една идеја за велигденска торбичка во форма на зајаче која може да ја наполните со чоколадни јајца, а бескрајно ќе ги израдувате.

природни маски со јајца за коса 1

3 природни маски со јајца за бујна, сјајна коса и без првут

Она што е важно за јајцата, е дека освен што се вкусни, тие се и многу корисни за нашето здравје, па во оваа насока ви предлагаме да ги погледнете предлозите за домашни природни маски со јајца.

Велигденски јајца како галаксија 1

Велигденски јајца како галаксија

Оваа година имате можност бојадисувањето на јајцата да го сфатите како забава, а може да ги вклучите и помалите членови на семејството и да направите фантастична декорација на велигденски јајца како галаксија.