краставица за гарнирање

Брановидна краставица за гарнирање

Краставица со брановиден изглед е секогаш одлична идеја за гарнирање. Фантастично изгледа, потребни ви се само неколку минути за изведба, а баш е декорација која мами погледи и насмевки. Пробајте и ќе се уверите во тоа!

велигденски јајца со вратоврска

Декорација на велигденски јајца со вратоврска

Овој пат ви предлагаме иновативни велигденски јајца со вратоврска. Денешните модерни трендови и брзи промени, доведоа боењето на јајцата да прерасне во декоративна уметност. Искористете ги старите модни додатоци и без двоумење претворете ги во фантастично креативно дело!

маска за убави раце

Природна маска за убави раце и лице

Направете сами маска за убави раце! Сега можете и дома на природен начин да ја негувате вашата кожа, а третманот е едноставен и лесен за изведување. Лимонот и јогуртот кои се главни состојки во составот, се одговорни за делотворноста на оваа маска за убави раце и гарантираат мекост и нежност која трае.

маска за лице

Маска за лице од куркума против брчки, акни и темни кругови

Куркумата може да ви помогне за да имате убава и сјајна кожа, без акни, брчки и темни кругови. Затоа направите си природна маска за лице, каде како главната состојка се користи куркума.

велигденска декорација

Jајце од конец – Велигденска декорација за домот

Направете Велигденско јајце од конец.  По желба можете направите повеќе различни бои и големини, зависно од големината на балонот кој ќе го изберете за моделирање. Оваа креативна Велигденска декорација ќе го разведри вашиот дом за време на празникот Велигден и сигурно ќе ве потсетува на радост и позитивни мисли!

природна маска против стареење на лицето

Ефективна природна маска против стареење на лицето

Секогаш е добра идеја да ја негувате вашата кожа со ефективна природна маска против стареење на лицето. Искористете ги природните состојки од домашната кујна и со мед, јогурт, лимон и куркума, негувајте ја својата младост!

маска-од-белка

Маска од белка за затегнување на кожата – природен ботокс

Ако барате најдобар и најевтин природен начин за затегнување на кожата и прочистување на порите на лицето, направете маска од белка, која е погодна е за сите типови на кожа.

кујнски трик за брзо сечење домати

Кујнски трик – Исечете 20 домати за 5 секунди

Сигурно се прашувате каков е тој кујнски трик со кој е можно да исечете 20 домати за 5 секунди?! Да, можно е, погледнете кои чекори треба да ги следите за да можете да го изведите фантастичниов кујнски трик и пробајте да сечете најбрзо повеќе домати одеднаш! На забавен и брз начин подобрете ги вашите вештини, доволни ви се само неколку секунди и еден потег да ги исечете сите домати на половина. 

побрз раст на трепките

Третман со зелен чај за побрз раст на трепките

Дали сте знаеле дека за побрз раст на трепките можете да применувате третман со зелен чај? Зелениот чај може да го стимулира растот на трепките, а исто така помага за одржување на нивното здравје на оптимално ниво. Главен носител на ова својство на зелениот чај се флавоноидите во неговиот состав, кои тој ги содржи во изобилство.

лебни трошки

Рецепт за домашни лебни трошки

Доколку ви останал леб од претходниот ден, не го фрлајте. Може да го искористите и да направите лебни трошки кои често се среќаваат во голем број рецепти при припрема на похувани јадења, ќофтиња, десерти. 

декорација на салфетка

Лесна декорација на салфетка – Модерна ќеса

Направете декорација на салфетка на многу лесен начин. Потребни и се само неколку минути за убаво и со стил да ја декорирате вашата трпеза со модерна креација. Бојата на салфетката можете да ја менувате според домашното уредување, темата на настанот, па можеби дури и според возраста на гостите. Во секој случај треба да внимавате да е соодветно на моментот и кај гостите да предизвика чувство на друштвена еуфорија. 

маска против акни

Маска против акни – за масна и комбинирана кожа

Желбата за чисто и свежо лице ја има секој од нас, па ви предлагаме да ја пробате оваа домашна маска против акни. Има несекојдневен состав за домашна маска, но затоа резултатите и ефектот на чисто лице не изостануваат. Посебно е погодна за масна и комбинирана кожа, а потребно ви е да имате на располагање само две состојки, лимон и аспирин. На лесен и евтин начин, до чисто лице без акни!

домашен лек против запек

Домашен лек против запек – рецепт

Ако сакате да се спасите од запек може да го искористите овој едноставен, но ефикасен начин. Пробајте го овој домашен рецепт против запек, обичната готварска сол уште еднаш ни доаѓа на помош во грижа на здравјето, но овај пат во комбинација со млеко.