Во деновите на пости, а и кога сакаме лесна храна која ќе нѐ стопли, оваа посна крем супа од тиква е полн погодок! Богата со витамини и минерали е совршен избор за целото семејство.

Се подготвувате за празниците и во потрага сте по свечени и богати јадења кои се подготвуваат лесно и без комплицирани инструкции? – На вистинското место сте. Сѐ за храна и оваа година ви ги нуди најдобрите празнични рецепти. Подгответе вкусен француски терин со мелено месо и фстаци кој ќе биде вистински украс на празничната трпеза.
Убаво е кога ги чуваме традиционалните рецепти и ги пренесуваме од генерација на генерација. Како и во минатото, така и сега многу фамилии приготвуваат домашни колбаси. Најчесто се прават со сечкано свинско свежо месо, праз или кромид, а како зачини се користат лута буковска пипер, црвена пипер или црн пипер.
Секоја вевчанска трпеза претставува максимално уживање за сите сетила. Преку вевчанската храна, а особено познатите вевчански питули, каде и да се наоѓате, ќе имате можност додека јадете, да ги почувствувате убавите моменти што ви се случиле во Вевчани. Ќе ви се вратат сликите од Вевчанскитe извори, недопрената природа и прекрасното место кое изобилува со вкусна храна, вино, добри домаќини и моменти кои ќе ги паметите вечно.
„Есенски вкуснотии од мојата кујна!“ – се првите зборови на Катерина од нашиот тим за ова јадење. Пријатно изненадена од вкусот на нејзината нова комбинација, со задоволство го споделува рецептот за вегетаријанско теријаки, кое може да послужи на многумина како посна и лесна идеја за ручек или вечера.
Палачинките ни се омилени, без разлика дали се американски или класични, солени или благи. А, денес подготвивме вкусен и лесен рецепт за похувани палачинки со фил од мелено месо. Вака подготвени, тие се совршени за предјадење или за мезење, а може и да ги послужите за појадок со сос од павлака и мајонез.
Мирисот на компир манџа со колбаси секогаш нѐ враќа во детсвото. Затоа споделуваме традиционален рецепт за манџа каква што ни подготвуваа нашите мајки. Ако и вас ве фати носталгија за тие убави времиња, кога низ целиот дом се ширеше убав мирис, набавете си квалитетни намирници и оваа зима стоплете се со домашно подготвена манџа богата со здрави зеленчуци.