Алкална диета – која храна се препорачува?

Зошто на организмот му е потребна алкална диета? – Одредена храна има кисели својства и ја зголемува киселоста на организмот кој по природа има алкална средина. Затоа е потребно да се внесува повеќе храна со алкални својства. Еве што се препорачува.

Премногу киселата храна е штетна за организмот

Не, не станува збор за лимон, портокал или јаболкова киселина. Оваа содржина е посветена на храната која во организмот создава кисела средина. Доколку се консумира премногу кисела храна, таа предизвикува болести и воспалителни процеси во организмот, па треба да се замени со базна, односно алкална храна. Туморските ткива се кисели, додека здравите ткива се алкални.

Алкална храна за супер здравје и енергија

Кога во макробиотичката исхрана кога говори за јин и јанг намирници, се посветува внимание на влијанието за создавање на кисела или базна средина во нашиот организам. За да може да се одржи оптимално здравје, рН вредноста во крвта треба да биде благо базна од 7.35 до 7.45. Тоа може да се постигне преку алкална храна која го чува здравјето.