Во последните години, голем дел од светската популација се бори со разни здравствени проблеми, меѓу кои е и стресот. Стресот доведува до создавање на слободни радикали кои се причина за поголемиот број на болести. За нивно неутрализирање, ослободување од стрес, превенција од разни болести и за здрав организам, потребен е внес на корисни намирници. Една од тие корисни намирници е и билката чие име е ашваганда.
