Сосот за скара е вкусен и може многу лесно да се искористи за подобрување на вкусот на пилешкото или на било кое друго месо по ваша желба. Додека маринадата се користи најчесто за да го омекне, сосот за скара се впива во пилешкото, па тоа е повкусно и посочно. Токму тоа, нè инспирира да ви кажеме што ново пробавме! – Направете си маринирано пилешко месо со сос за скара и уживајте во една поинаква димензија на вкусови и сочност кои не може да ги постигнете со стандардна маринада.
