баба гануш 1

Највкусниот рецепт за баба гануш – намаз од модри патлиџани

„Апсолутно прекрасно! Ова е еден од најкремастите и превкусни намази од зеленчук кои ги подготвувам. Баба гануш може да послужите со тенок леб, како што тоа традиционално се прави во арапскиот свет или пак да го намачкате на лепче за појадок. Или, може да го замезите со грицки или некој крцкав зеленчук, сеедно, баба гануш е најдоброто нешто подготвено од модри патлиџани!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ни направи и вкусна фотосесија од намазот.