Посни бадникови колачиња

Време е за радост во домот и најубави коледарски песни! Традиционално приготвуваме посни бадникови колачиња кои коледарчињата нетрпеливо ги очекуваат. Оваа година ќе им ги поделиме премачкани со мармалад од мешано овошје од Рес-Ком за уште послатки празнични денови.

Традионален рецепт за Бадникови питулици

Бадник е ден кога во секој македонски дом традиционално се подготвуваат Бадникови питулици кои се посни и тенки скоро колку лист хартија, а вкусот им е неутрален кон слабо солен. Специјално и празнично за вас, директно од нашата кујна!

бадникови колачи

Традиционални бадникови колачи по рецепт од Бигорски манастир

Приготвувањето на вкусните традиционални јадења за време на празниците се симбол и обележје на македонската кујна и народ. Во различните краеви на Македонија, постојат најразлични традиции за обележувањето на Божиќните празници, како приготвување на бадникова погача со паричка, бадникови питулици, коледарски лепчиња, бадникови колачи, посна сарма, печена тиква…