Богати со хранливи материи, фантастичен вкус и одличен додаток на разни десерти, бананите се едно од омилените овошја на многумина. Но, дали знаете дека можете да ја користите и нивната кора? Еве неколку интересни употреби на кората од банана.

Превкусен летен десерт! Здрави вафли со сладолед кои ни ги подготви нашата пријателка и драга читателка Анжелика! Ваквиот тип на десерти можеби не се преблаги, но се совршена замена за сите калорични торти полни со шеќер, а посебно ако пробувате да намалите телесна тежина или пак сакате да ја одржите онаа која ја имате. Може да сервирате со парчиња овошје за поголемо уживање во вкусот.
Се радуваме кога ве инспирираме и мотивираме да ги направите најубавите десерти! – Нашата читателка Ирена ја подготви превкусната посна овошна торта без печење и нѐ покани на дегустација. Инспирирана од рецептот за посни колачи во чаша на Марија од нашиот тим, направи комбинација со тропско овошје – ананас и банана.
За сите љубители на популарниот банана леб имаме нов рецепт кој сигурно ќе ве израдува. Приготвен во кујната на Сѐ за храна, овој рецепт претставува совршен спој на слатка банана и крцкави кикиритки со изразена овошна нота на портокал. Мек, сочен и на места крцкав од кикиритките, ќе ве воодушеви со својот богат вкус. Супер вкусен десерт кој мора да го пробате во првата прилика штом имате зрели и потемнети банани, кои не знаете за што да ги искористите.
Несоницата е еден од најголемите и најчестите проблеми во денешно време. И, иако има многу лекови со кои може да се ослободите од овој непријатна и вознемирувачка појава, природните решенија се секогаш побезбедна варијанта. Во продолжение дознајте како може да се ослободите од иритирачката несоница со помош на чај од банана и цимет.
Иако псоријазата на скалпот е хронично заболување, постојат одредени природни лекови кои може да ја подобрат состојбата на кожата на главaта и да ги намалат непријатните симптоми. Секако постојат многу медицински креми и шампони кои ја ублажуваат состојбата при псоријаза, но природните решенија се многу поефтини и целосно безопасни, па вреди да се пробаат. Денес споделуваме со вас 2 природни третмани кои ги намалуваат симптомите на псоријаза на скалпот.
Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на смути со јагоди и банана. Позитивна карактеристика на ова смути е тоа што може да го правите преку целата година затоа што во рецептот се користат замрзнати јагоди. А ако сакате може да го направите и со свежи јагоди, но во тој случај, најдобро е бананата претходно да ја замрзните. Било и како да го направите, веруваме дека ќе биде едно од омилените кое сте го пробале.
Имаме супер предлог за здрав појадок кој ќе ги направи утрата уште подобри! Направете си кремасто смути со јаболко и банана. Изобилува со растителни протеини, растителни влакна кои се важни за добар метаболизам, како и здрави масти. Не содржи шеќер, а ќе ја подигне вашата енергија и расположение. Совршено вкусно за секој од нас!