Респираторниот систем е еден од најважните „механизми“ во нашето тело. Го снабдува телото со кислород и учествува во процесот на дишење и размена на гасовите. И, иако дишењето е нешто за кое веројатно не размислувате многу, го правите тоа околу 25.000 пати во текот на денот. А, појавата на отежнато дишење или кашлица можат да бидат првите симптоми кои сигнализираат заболување на белите дробови, вклучувајќи хронична опструктивна белодробна болест, астма, а во најлош случај и карцином на белите дробови. Препознавањето на раните предупредувачки знаци може да ви помогне да добиете соодветен третман, пред болеста да стане сериозна или да биде опасна по живот.
