Продолжуваме да ги споделуваме најубавите рецепти од македонските блогери на Инстаграм. Овој пат Мартина ни припреми брзи бомбици со бисквити. Едноставни, а вкусни!

Празничната магија може да започне! Време е за украсување на велигденските јајца и празнично декорирање на домот. Но, и за правење на највкусните велигденски колачиња кои оваа година ќе ги красат нашите празнични трпези. Крцкави и меки, едноставно се топат во устата. Топло ви препорачуваме да ги направите и да се засладите со вашите најблиски.
Новонастанатата ситуација со корона вирусот налага нови правила на живот со цел полесно и побрзо да се справиме со епидемијата. Еден од главните и најефикасни совети покрај тоа често да ги миеме и дезинфицираме рацете е сите да останеме дома и да не излегуваме без причина. Слободното време може да го исполниме со гледање филмови, читање книги, но и готвење, чистење и пролетно средување на домот. За полесни денови припремивме листа на 17 избрани рецепти за солени стапчиња, грицки и бисквити.
Полека, но сигурно дигестивните бисквити се почесто може да се најдат на рафтовите низ маркетите. А, дали досега сте пробале дигестивни бисквити? Дали знаете по што се разликуваат во споредба со класичните бисквити? Време е да дадеме одговор на вашите прашања и да ве запознаеме подетално со придобивките од консумацијата на дигестивни бисквити.
Супер рецепт за сите оние кои обожаваат да грицкаат нешто додека гледаат телевизија или пак во комбинација со пиво. Убавото кај овој рецепт е тоа што овие посни солени бисквити многу лесно и брзо се прават, а уште побрзо се јадат. Одлични се за мезење со добро друштво, а нас нѐ фасцинира тоа што може да се комбинираат со разни намази и да се прават во повеќе вкусови.
Ако ви се јаде нешто благо или сакате да подготвите вкусен десерт за пријателите, ви предлагаме да ги пробате чоколадните бомбици со орео колачиња и крем сирење. Вака направените бомбици се многу популарни ширум светот, па затоа го преработивме рецептот. Овие чоколадни орео бомбици се неодоливо кремасти, а истовремено и крцкави поради орео бисквитите. Совршени се и за претстојниве празници, бидејќи се прават многу брзо, а се многу вкусни и декоративни.
Кај нас најчесто како зачини за колачи се користат циметот и каранфилчето, но има уште многу други зачини кои може да се искористат за таа намена и на секое колаче да му дадат посебна арома и вкус. Ви претставуваме две мешавини на зачини за суви колачи и бисквити кои ќе ве претворат во вистински мајстор во кујната и ќе направат за вашите колачи со сигурност надалеку да се зборува.
Ако долго време нѐ следите ќе знаете дека сме големи обожаватели на едноставните и лесни рецепти. И не самo ние! Нашите автори се големи креативци во кујната, па од неколку состојки знаат да направат супер вкусни рецепти. Така и овој пат, нашата драга Катерина со само 6 состојки направи медени интегрални срца.