Битолски новогодишен базар

На 27-ми Декември, сите се гледаме во Битола! Бидете дел од Битолскиот новогодишен базар. Ротари Клуб Битола ,,Широк Сокак” со поддршка на Oпштина Битола, по примерот на големите светски метрополи организира „Битолски новогодишен базар” на ден 27.12.2018. од 16-22 часот.

дониа локум

Дониа локум – традиционален десерт со автентичен мирис и вкус

Прилепскиот регион во Западна Македонија уште од дамнина е надалеку познат и препознатлив по производство на најквалитетен локум. Во пресрет на Локум фест, кој ќе се одржи од 19-ти до 21-ви Јули, во Битола, се инспириравме да дознаеме за највкусниот традиционален и без временски десерт – Дониа локум.

Една година постоење на Slim Line Club-от во Битола 1

Една година постоење на Slim Line Club-от во Битола! Дознајте како поминавме на настанот!

Компанијата Slim Line која е позната по ефикасноста на своите производи за слабеење, продолжува со остварување на својата мисија кон успехот! Еден од поголемите чекори и поважни чекори во тој контекст е отворањето на брендираната продавница во Битола. По повод една година постоење на Slim Line Club-от во Битола, во хотел Милениум беше одржан настан на кој беше промовирана и новата палета на производи.

bitfest 2017

Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „Со боите на храната креираме уметност“

Во рамките на Битфест 2017, Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. Истата ќе се одржи на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, во Магазата во Битола.

здраво срце

Сѐ за храна ве кани на настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“

Да го подобриме здравјето и да им ставиме крај на срцевите заболувања, високиот крвен притисок, артериосклерозата, покачениот холестерол, триглицеридите… Сѐ за храна со големо задоволство го најавува настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“, кој ќе се одржи на 27-ми Март, понеделник во малата сала на Центарот за Култура во Битола. Почетокот на настанот е од 18.00 часот, а влезот е бесплатен.

Голема посетеност на настанот „Подобра исхрана, подобар живот“

Со цел да дадеме свој придонес во подобрувањето на квалитетот на живот на битолчани, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна организираше едукативна вечер на која стручни лица говореа како граѓаните со подобра исхрана и физичка активност може да си го подобрат сопственото здравје. Под мотото „Подобра исхрана, подобар живот“, во малата сала на Центарот за Култура во Битола, вчера, со почеток во 18:00 часот се одржа едукативен настан на тема „Здравјето е најважно!“ кој беше посетен од голем број на граѓани, а салата беше исполнета до последното место.

Сѐ за храна ве кани на настанот „Подобра исхрана, подобар живот“

Сѐ за храна под мотото „Подобра исхрана, подобар живот“, во малата сала на Центарот за Култура во Битола, на 10.11.2016 година (четврток), со почеток во 18:00 часот ќе одржи настан на тема „Здравјето е најважно!“.

саем здруженија битола

Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2016

Во просториите на Техничкиот Факултет во Битола, на 26-ти Октомври (среда) од 12:00 часот до 19:00 часот, се одржа Саем за Волонтеризам 2016 во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија. На овој саем учество зедоа 11 невладини организации од Битола и регионот, а беше претставена и работата на локалните волонтери на Мировен Корпус, кои ги презентира своите волонтерски можности и споделија нивни успешни приказни и проекти.