Направете совршено вкусен и брз болоњезе врап! Наместо да купувате готова брза храна, овозможете си нутритивно балансиран оброк кој ќе ве држи сити со часови и полни со енергија!

Да, го имаме најдобриот домашен рецепт за болоњезе сос! Направен со македонско мелено месо од Агриа, локални зеленчуци и многу љубов. А најдоброто кај овој сос е тоа што може да го замрзнете и да го користите по потреба. Совршен е за тестенини, лазања, полнети тиквички, модри патлиџани… Изборот е ваш, а состојките и подготовката погледнете ги во текстот.
Штом се спомне комбинација на мелено месо и сос веднаш пред очите се појавува асоцијација на превкусен оброк за тестенини со болоњезе сос. Толку сочен и богат вкус, рај за очите и за душата. Убави за да ги јадеме со семејството, пријателите, роднините, колегите, зашто нема кој не ги сака вака подготвените тестенини!