Брзи бомбици од 4 состојки 321

Брзи бомбици од 4 состојки – без печење, за 10 минути

„Сочна свежина и неодолива мека текстура, се топат во уста! Толку можам да ви кажам, останува да ги пробате! За празничната трпеза или за секојдневен обичен повод, идеално добри! Повкусни, поедноставни, ни толку брзи бомбици нема да најдете, топло ви ги препорачувам!“- започнува  Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Новогодишна солена елка – ордевер со бомбици од сирење

„Ајде да се забавувавме и да ги направиме најкреативните специјалитети за новогодишната и божиќната трпеза! Ве предизвикувам да внесете радост во домот и да направите солена елка со вкусни бомбици од сирење. Како ви се допаѓа овој предлог?

чоколадни бомбици со ореви

Чоколадни бомбици со ореви

Празниците се наближуваат, па ако сте во потрага по ситни колачи кои ќе ја збогатат вашата трпеза имаме одличен рецепт. Брзи и вкусни чоколадни бомбици со ореви кои се прават за 10 минути. Постапката е едноставна, а вкусот совршено добар!

Посни бомбици со суви кајсии и урми

Ако спаѓате во групата на луѓе кои тешко се откажуваат од слатките задоволства, а сакате да се храните здраво, имаме супер предлог! Овај рецепт за посни бомбици со суви кајсии и урми ни го подготви нашата пријателка Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana). Здрав и вкусен десерт кој ќе ви даде енергија во текот на денот.

овесни бомбици 1

Брзи посни бомбици со кокос – без глутен и без шеќер

Овие брзи посни бомбици со кокос се идеални кога ви се јаде нешто благо, а сакате да е здраво и да не губите многу време за подготовка, ниту да валкате садови. Нашиов рецепт ќе ве освои! – Ем ќе имате вкусен десерт кога и да посакате, ем кујната ќе ви биде чиста, а што е најважно, телото ќе ви биде благодарно за прекрасната енергија која се должи на избраните состојки!

бомбици

Брзи бомбици со 3 состојки

Многу сакаме брзи и лесни рецепти, а кога се приготвуваат само од неколку состојки тоа е вистинскиот избор за нас. Ако се сложувате, овој вкусен рецепт мора да го пробате. Марија од нашиот тим нѐ заслади со супер вкусни и брзи бомбици приготвени само од 3 состојки. 

Посни кокос бомбици без шеќер за 10 минути 1

Посни кокос бомбици без шеќер за 10 минути

Освежителен десерт кој ќе го освои семејството, пријателите и друштвото! Тропскиот вкус се постигнува многу едноставно, па вака припремените посни кокос бомбици се идеално добри. Ќе уживате во светот на вкусовите!

посни бомбици со кикирики и бело чоколадо

Посни бомбици со кикирики и бело чоколадо

Нова комбинација за сите љубители на брзи и едноставни рецепти! За полесни пости и убави празнични трпези, ви приготвивме посни бомбици со кикирики и бело чоколадо. Овој рецепт е дел од априлскиот број на списанието Добра храна, а вториот рецепт ќе го објавиме наскоро. 

Енергетски бомбици со суво овошје (без шеќер) 1

Енергетски бомбици со суво овошје (без шеќер)

Овие слатки залчиња ни доаѓаат од кујната на Бетина. Веруваме дека и вие, исто како нас, имате желба да ги пробате овие енергетски бомбици со суво овошје. Изгледаат фантастично и ние веќе почнавме да се припремаме за нивната подготовка!

бомбици со бело чоколадо и лешници

Празнични бомбици со бело чоколадо и лешници

Дали знаете колку го сакаме овој период од годината? Украсување на домот, сијалички во различни бои, елка накитена со убави лампиони, и се разбира многу колачиња и убави моменти со најблиските. Тоа е симболот на ново годинешните празници. А кој се радува најмногу на веселите колачиња? Би рекле сите, но детските насмевки се најискрени и ја кажуваат празничната магија. Токму за нив, направете ги празничните бомбици со бело чоколадо. 

Посни бомбици со кокос и пудинг

Посни бомбици со кокос и пудинг

Мали, симпатични и вкусни колачиња со богата арома на кокос и ванила! Посни и совршени за секоја празнична трпеза, за слави, имендени и  деновите кога сакате да се засладите со домашни колачиња. Пробајте ги посните бомбици со кокос и пудинг.