Бремени сте, а ве боли главата? – Без разлика дали станува збор за мигрена или тензиска болка, решенијата се слични. Еве како да си помогнете при главоболки во бременост, без да се доведите во опасност вие и вашето бебе. Целиот организам ќе ви биде благодарен!
Веќе долго време се дебатира околу тоа дали чоколадото е добро или не за здравјето. И штом прочитаме некое истражување дека е здраво и може да го консумираме без грижа на совест, веднаш потоа се појавува друго кое го тврди спротивното. Тоа ни беше мотивација да посветиме повеќе време на оваа тема. Ви претставуваме пет причини на кои наидовме при нашето истражување, зошто е пожелно да се јаде чоколадо, а особено од женскиот пол.
Жените кои планираат бременост или веќе се бремени, треба да посветат посебно внимание на снабдувањето на организмот со фолна киселина – фолати. Оваа препорака важи и добива значење уште 3 до 6 месеци пред зачнувањето на плодот.
Фолатите и фолната киселина се два поими кои најчесто се врзуваат со трудниците. Често пати се спомнуваат и како витамин Б9, кој е дел од Б комплексот и е растворлив во вода. Неговата улога е поврзана со синтезата на ДНА и конверзија на некои аминокиселини. Гинеколозите ги препорачуваат на сите жени кои планираат бременост или пак е потврдено дека се бремени. Зошто всушност се препорачуваат? – Ви откриваме во овој текст, кои се разликите помеѓу овие два поими, какви се препораките и неколку најважни придобивки за нив.
Мачнините и повраќањето се првите симптоми на бременост и најчесто се појавуваат на утро. Но, за жал многу жени со овој непријатен проблем се соочуваат преку целиот ден. Може да траат неколку недели, месеци, а некои трудници ги чувствуваат до самиот крај на бременоста. Доколку и вие се соочувате со утрински мачнини прочитајте го овој текст и дознајте како може да си помогнете.
Иако губењето на косата не го загрозува животот, ниту пак неговите витални фуккции, сепак човечкиот род е мошне заинтересиран за изгледот, обемот и за квалитетот на косата. Појавата на губење на косата за многу мажи претставува тежок удар врз нивната машкост, но и за жените е подеднакво трауматично искуство. Не е зачудувачки фактот дека косата била објект и култ на почитување уште од најстарите времиња, па да разгледаме нешто повече околу тоа кои се сметаат за најчести причини за губење на косата.
Ги живеете најубавите моменти од вашиот живот, чекате бебе, а утринските мачнини не ви даваат мир. Ако не сте пробале досега со овие методи, еве добра прилика да ги спречите.
Во текот на бременоста се менуваат потребите на женскиот организам за храна. Правилниот начин на исхрана за време на бременост е многу значајно за здравјето на секоја жена и бебето. И денес често слушаме дека бремените жени треба да јадат за двајца. Но, секако дека тоа е погрешно, бидејќи претераното зголемување на телесната тежина може да предизвика здравствени проблеми.
Покачениот притисок уште се нарекува „тивок убиец“ и тоа не е без причина. Ви откриваме што се треба да знаете за висок крвен притисок во бременост, кои промени може да се појават, кои се опасностите и како може да ја превенирате појавата на оваа состојба.
Сигурно сте слушнале дека кога некоја жена е бремена, многумина ја советуваат да јаде за двајца, но дали знаете што велат експертите од Светската Здравствена Организација на оваа тема? Не треба да и се даде приоритет на количината на храна, а многу важен е изборот на намирниците и следењето на препораките за здрава исхрана во бременоста. Да се храните здраво за време на бременоста е најдоброто нешто што можете да го направите за вас и за вашето бебенце.
Голем број млади девојки кои стануваат мајки не ги знаат овие основни и многу важни информации кои се витални за добро здравје при бременост како на трудницата, така и на плодот, па ви презентираме на кратко колку важна улога има водата за време на сите месеци. Прочитајте ги нашите совети и споделете со своите пријатели, да го зачуваме здравјето на мајките и идните поколенија.