Ви се пријаде нешто благо, а не сакате да губите многу време за готвење? – Чоколадна торта, чоколадна салама, или пак грклани со ванила фил, се 3 брзи и лесни десерти топло препорачани од нашата уредничка Марија Кочовска. Кој и да го изберете, нема да згрешите.
Кој е за супер вкусен и здрав оброк? – Ако и вие обожавате палачинки, ова е вистинскиот рецепт за вас! Овесните палачинки со спанаќ се едни од најомилените во нашиот тим. Често ги приготвуваме во кујната на sezahrana.mk, а во оваа прилика го споделуваме рецептот со вас.
Време е за супер брзи кифлички со јогурт и павлака! Спремни ли сте за нов рецепт? Меки и крцкави, а кога ќе каснете имаат полн вкус. Што е најважно не треба да сте многу вешти во кујната со тесто, па може да ги направи секој. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Креативност, вештини и одлична кулинарска дружба! Се одржа и финалната епизода од краткиот серијал Kitchen wars, кој го работевме на Ig live на инстаграм профилот на @sezahrana.mk во партнерство со Подравка. Овој пат ни готвеа 4 познати фуд блогери и истите беа поделени во два тима. Сѐ за храна тим – Катерина и Марија, и тим од победниците од претходните епизоди, Мартина и шеф Дејан. Темата беше салати и главни јадења, па учесниците ни приготвија 5 рецепти, од кои 3 салати и 2 главни јадења. Уживајте во сликите и пробајте ги јадењата!
„Превкусни! Овој пат ги разгледав старите рецепти во тетратката и одлучив да го направам брзи переци со три состојки. Како дете се сеќавам дека често ги имаше по детските родендени, па сакав да се потсетам на убавите денови кога се собиравме често и уживавме во игрите.
Погледнете што сѐ можат искуството и знаењето! Се одржа и втората епизода од нашето кулинарско шоу Kitchen wars, кое го реализираме во партнерство со Подравка! Овој пат ни готвеа шеф Марк и шеф Дејан. Имавме прилика да погледнеме подготовка на 4 мини бургери, и тоа само за 20 минути! Три од нив ги направи добро познатиот и искусен шеф Марк, а еден сочен и вкусен бургер ни направи шеф Дејан. Сигурни сме дека откако ќе ги пoгледнете рецептите и фотографиите, ќе сакате да ги пробате вкусните мини бургери.
Во овие денови, кога сите се фокусирани на подготвување зимници, изненадете ги вашите најблиски со совршен есенски десерт. Направете брзи печива со цимет и тиква и почувствувајте го мирисот на есента во вашата кујна.
„Нема месење, нема употреба на миксер! Меки, ровки и превкусни! – Целта ми беше да се што похранливи, а со помалку брашно, затоа што посветата на рецептот е за син ми кој има нешто повеќе од година и е мојата непресушна инспирација. Димитар ги обожава вкусните залчиња на мама, па ви гарантирам дека ќе ви се допаднат и вам. Пробајте ги моите брзи пикник погачки кои се одлични за целото семејство, и секако испратете ми ваши фотографии и впечатоци како ви се допаднаа!“ – срдечно препорачува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Продолжуваме да ги споделуваме најубавите рецепти од македонските блогери на Инстаграм. Овој пат Мартина ни припреми брзи бомбици со бисквити. Едноставни, а вкусни!
На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои секојдневно ги објавуваат своите рецепти. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат. Меѓу нив е и блогерот Дејан кoj испрати еден интересен рецепт за крцкави зачинети печурки.
Ако размислувате што да направите за појадок или мезе, а тоа да е едноставно, но вкусно, ви препорачуваме да ги пробате брзите пица мафини. Меки и сочни, идеални за сечиј вкус!
Многу сакаме брзи и лесни рецепти, а кога се приготвуваат само од неколку состојки тоа е вистинскиот избор за нас. Ако се сложувате, овој вкусен рецепт мора да го пробате. Марија од нашиот тим нѐ заслади со супер вкусни и брзи бомбици приготвени само од 3 состојки.
Кое е вашето омилено јадење? Пица или макарони? Ако одговоривте со „Да“ вие сте на вистинското место. Ви претставуваме ново гастрономско уживање со нашиот испробан рецепт за брзите пица макарони.
Сакате да приготвите вкусни и брзи американски колачиња? Вие сте на вистинското место за да откриете како може да направите крцкави колачиња со чоколадо кои одземаат малку време за подготовка.
Креирано специјално за вас, во кујната на Сѐ за храна! Фантастични на лик, а уште повеќе на вкус. Топло препорачуваме да го пробате нашиот најнов рецепт за брзи мафини со чоколадни трошки. Се топат во уста!