Обожаваме лесни и едноставни рецепти! Подготовката на таквото јадење е секогаш уживање, па топло препорачуваме да го пробате нашиот рецепт за крцкави ќофтиња од тиквички. Целото семејство ќе ги обожава, направете им ги!

Гарантирано ќе уживате во нашиот рецепт за посно пире со спанаќ и бадеми кое е инспирирано од светот на вкусовите! Не е потребна голема вештина, потребно е само малку време и добра волја за да уживате во резултатот од овој брз и лесен рецепт. Декоративно и вкусно, хранливо за целото семејство, па беше бендисано и од уредниците на новото македонско списание Добра храна и се најде на една од нивните страници. Уживавме во соработката, а до нас стигнаа голем број позитивни критики, ви благодариме за тоа!
Добар појадок, значи добар старт на денот. Добра ужинка, значи добар продолжеток на денот! Момент на уживање и „подлога“ за успешен ден. Последниот период инспирирани од истражувањето на светските кујни, дојдовме на идеја да го пренесеме искуството на Италијанците, кои најчесто јадат сладок појадок, а исто така обожаваат да каснат слатка ужинка. Ви припремивме повеќе идеи за инспирација, па се надеваме ќе уживате во вкусната галерија.
Не мора да е сложено за да биде вкусно, тоа е често нашето мото. Рецептов нема некои специфичности, баш е едноставен, брз и лесен и настана во едно такво утро кога имавме потреба да припремиме нешто вкусно и хранливо на брзинка. Пробајте го вкусот на запржените пиперки со јајца, домати и малку магдонос.