балсам од чоколадо и цимет

Природен балсам за усни од чоколадо и цимет

Природната козметика станува се попопуларна во последно време, од повеќе причини. Не предизвикува штетни ефекти врз организмот, лесно може да ја направи секој, многу е ефикасна, а е поевтина во споредба со купечките производи, не ја загадува околината… Денес има многу фирми кои произведуваат органска козметика, меѓутоа цената на таквите производи е многу висока, па затоа ние ви нудиме еден рецепт за природен балсам за усни од чоколадо и цимет кој е навистина евтин и лесен за подготовка.