Во пресрет на Денот на вљубените и виното ние сме во потрага по најубавите рецепти со кои ќе можете да ги изненадите вашите сакани. Па така, наидовме на овој прекрасен и многу декоративен рецепт за чоколадни мафини со крем од малини.

Сите знаеме дека љубовта влегува низ уста, па денот на вљубените не може да помине без вкусна храна. А зошто да трошите пари во преполните и скапи ресторани? Оваа година поминете совршен ден во удобноста на својот дом со највкусната храна и најдоброто вино. Ви предлагме голем избор на рецепти, а на вас останува да го креирате вашето мени за денот на вљубените и денот на виното.
Салфетките се неизбежен дел на секоја трпеза. Па така, со правењето на салфетки во различен облик ќе добиете занимлива декорација за трпезата, а со тоа ќе ги изненадите и гостите. Без разлика што и да прославувате, свадба, роденден, веридба, Св. Валентин или сакате да го изненадите партнерот со вечера која вие сте ја приготвиле, црвените салфетки во форма на срце се мошне добар избор.
Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта и виното, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите срца од вино и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан.
Празникот на љубовта се приближува, а ние ги ви предлагаме најдобрите идеи, за кои нема да потрошите многу пари, а ќе го изненадите партнерот со подарок направен со многу љубов. За таа цел, пребаравме низ интернет и ја најдовме оваа интересна идеја за мафини со срце во внатрешноста, кои сигурно ќе предизвикаат убави чувства и насмевка кај личноста за која сакате да ги направите.
Празниците на љубовта Св. Валентин и виното Св. Трифун се приближуваат! Заљубените парови на 14-ти февруари ќе ја слават љубовта и романтиката. Ако и вие сте обземени од љубовната еуфорија, сигурно планирате на убав начин да го изненадите вашиот сакан. Еве неколку романтични идеи со чија помош ќе ја направите ноќта на 14-ти незаборавна.