Велигденска трпеза - 3 брзи и лесни Витаминка рецепти 1

Велигденска трпеза – 3 брзи и лесни Витаминка рецепти

Ни наближува Велигден, па секој од нас сака да го прослави најубаво што може. Во секој дом со голем мерак, еуфорија и неколкудневно планирање се припрема изгледот на велигденската трпеза. Сите сакаме да биде богата, да биде прекрасна и да го краси домот, да донесе радост и насмевки на лицата на саканите! Затоа си наполнивме кошничка со производи со традиционален квалитет и во соработка со нашите пријатели од Витаминка, припремивме неколку вкусни и брзи рецепти, како и идеи за декорација кои со сигурност ќе ја разубават велигденската трпеза. Ние уживавме во вкусните сензации на јадењата, а веруваме ќе уживате и вие!