Колку се прекрасни и вкусни овие мачмалоу штангли, ќе знаете само ги ги пробате! Изгледот им е баш супер, па можете да ги правите по повод разни прилики, за детски родендени, забави, како визитарски колачи…

За скоро време ве очекува именден или куќна слава, па сте во потрага по рецепти за визитарски колачи? Вие сте на вистинското место! И ние сме биле во таква ситуација, па за да не трошите многу време пребарувајќи на интернет за рецепти за визитарски колачи кои се испробани, специјално ја креиравме оваа листа на рецепти од нашата кујна и кујните на нашите пријателки, па ја споделуваме со сите вас.
Прекрасни чоколадни колачи со кокос, совршени за празнична трпеза! Обично ги подготвуваат за време на пости, или кога сакаат да се засладат со некој помалку калоричен десерт, а она што е важно е дека се подеднакво убави и со вода и со млеко, па слободно може да ја изберете својата омилена варијанта и вкус. Чоколадото може да биде бело или црно зависно од вашата желба, а исто така може да ги направите комбинирани, па да уживате во нивниот декоративен изглед.