Палетата на масла за јадење на Витаминка е збогатена со уште еден производ! Станува збор за Брилијант високоолеинско сончогледово масло кое е идеално за подготовка на различни јадења. Ајде да дознаеме повеќе за новиот произод на пазарот.

Велигденска брилијантна авантура! Зготви и испрати рецепт со Брилијант или Брилијант Омега 3, а по желба и други производи од Витаминка, фотографирај го и објави го во групата на Сѐ за храна или во коментар на оваа објава. Вклучи се и ти, и биди еден од 5-те добитници на пакет производи кои ги подарува Витаминка за читателите на sezahrana.mk!
Уживавме и тоа како во светот на вкусовите! Си направивме многу симпатична торта и ја комбиниравме со горко црно кафе. Неизбежно беше да се фотографира и да се пренесе вкусното задоволство, па ве покануваме да ја пробате и вие во вашите домови. Инспирацијата ја најдовме во новите Фрути јафа кекси од праска и приготвивме фантастично добра, вкусна и брза торта! Овој десерт може да го направи секој, а нема да ви одземе ни еден час.
Омилени, традиционални и превкусни! Направивме домашни индијанки со фил од пудинг! Обожаваме да креираме нови рецепти, а особено да ги преработуваме македонските традиционални јадења и десерти и да им дадеме наш „печат“. Така ја споивме традицијата и направивме нов рецепт за индијанки, а инспирација ни беа пудингот од ванила од Витаминка, но и другите нивни производи: прашок за печиво, ванилин шеќер, шеќер во прав и какао.
Топли или ладни, чаевите се одличен и вкусен начин за да го обезбедите организмот со потребната хидратација и корисни состојки кои може да ви помогнат да го подобрите здравјето и функцијата на клетките, ткивата и органите. Можете да ги засладите со кафеав шеќер, мед или стевиа од Витаминка, да додадете цеден сок од цитрусни овошја и да направите супер пролетно освежување за пролетните денови. А бидејќи времето е променливо, треба да знаете кои 3 чаеви се препорачуваат во пролет.
Мммм…пица! Зарем постои човек на светот што не го обожава ова ремек дело на италијанската кујна? Топло и убаво испечено тесто во фурна, доматен сос, оригано, кашкавал што топи во устата и месни додатоци кои го даваат вистинскиот мирис и шмек. Станавте гладни зар не? Еве еден предлог за познатата Пеперони пица, кој сигурно ќе ви се допадне.
Ни наближува Велигден, па секој од нас сака да го прослави најубаво што може. Во секој дом со голем мерак, еуфорија и неколкудневно планирање се припрема изгледот на велигденската трпеза. Сите сакаме да биде богата, да биде прекрасна и да го краси домот, да донесе радост и насмевки на лицата на саканите! Затоа си наполнивме кошничка со производи со традиционален квалитет и во соработка со нашите пријатели од Витаминка, припремивме неколку вкусни и брзи рецепти, како и идеи за декорација кои со сигурност ќе ја разубават велигденската трпеза. Ние уживавме во вкусните сензации на јадењата, а веруваме ќе уживате и вие!
Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка.