Пријатели, си набавивме блендер и си повикавме друштво. Сакавме да ги послужиме со нешто здраво, па решивме да ги направиме нашите омилени рецепти за смути. Детокс, витаминско и имуно смути беа нашиот избор.
Здраво и зелено смуди полно со хранливи материи, добро би дошло на секого! Ароматичната банана, слаткиот мед, освежителниот јогурт и колоритниот спанаќ, тие се состојките кои укажуваат на исклучителната вредност на овој пијалак.