Покачениот холестерол во крвта е еден од најчестите здравствени проблеми на денешницата кој е ризик фактор за појава на кардиоваскуларни заболувања. Ако имате покачен холестерол, посветете внимание и потрудете се да го доведете во нормални граници. Причините за појава на покачен холестерол може да бидат многубројни, но правилната исхрана, редовната физичка активност, како и суплементите со витамин Б-3 може да ви помогнат за намалување и одржување на нивото на „лошиот“ LDL холестерол.
