Мандарините се богати со витамин Ц, го подигнуваат имунитетот и го штитат телото од настинка и грип, помагаат во одржувањето на витка линија и се многу вкусни. Има многу причини зошто да јадете мандарини, а еве само еден мал дел од нив.

Доколку сакате да изгледате совршено на најлудата ноќ или можеби долго време се мачите со вишокот на килограми, време е да направите некои измени во вашата храна. Како би реагирале ако ви кажеме дека не секогаш, патот до витка линија е преку строги и измачувачки диети кои најчесто ви носат само краткотрајни резултати? Најчесто сите диети се со бумеранг ефект, но доколку направите драстични измени во вашиот начин на исхрана резултатите можеби ќе бидат побавни, но долготрајни и без штетни последици по вашето здравје.