интервју ана н

Готвиме и се дружиме со Ана Наумовска

Драги наши читатели, овој пат разговаравме со Ана Наумовска наша редовна читателка на sezahrana.mk! Секој месец ќе може да ги запознаете и да прочитате по нешто за најактивните љубители на храната на интернет. Ги покануваме да се пријават и ја раскажат својата кулинарска приказна сите активни членки од групата на Сѐ за храна, како и активните и заинтересирани интернет „раскажувачи“ од останатите групи, админите, блогерите и влогерите и интересентите за новини од областа на храната!

3 природни сокови кои помагаат против артритис

3 природни сокови кои помагаат против артритис

Артритисот е состојба која го зафаќа мускулоскелетниот систем, особено зглобовите. Тој е еден од водечките причинители за физичка неспособност кај лицата постари од 55 години во развиените земји. Па, доколку и вие се соочувате со оваа непријатна и болна состојба, ви предлагаме да ги пробате овие природни сокови кои помагаат против артритис.

Домашен тарт со вишни

Секогаш сме се воодушевувале на вкусните тартови кои може да се купат од слаткарниците и маркетите. Не сме знаеле дека е многу лесно да се направат. А сега сите од нас ќе може да си направат домашен тарт со вишни по испробан рецепт.

посна торта со афион и вишни

Посна торта со афион и вишни

Обожаваме да се бериме со пријателите, да приготвуваме убави и вкусни јадења, и да уживаме во нивната дегустација. Така и овој пат, при прослава на нашите пријатели за куќна слава за време на пости имавме можност да ја дегустираме оваа вкусна посна торта со афион и вишни, па го побаравме рецептот и го споделуваме со вас.

Домашен компот од вишни

Вишните се познати по своите бројни лековити својства и антиоксидантни дејства. Тие се богати со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, минерали, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна. Луѓето ги консумираат за намалување на ризикот од дијабетес, намалување на тесната тежина, подобрување на сонот…

Природен сок од вишни

Овој пат ви предлагаме испробан рецепт за домашен и природен сок од вишни, кој доаѓа директно од нашата кујна. Секоја година го правиме и уживаме во неговите освежителни ноти, па со задоволство го споделуваме со вас. Вкусот е одличен, а сокот природен, домашен и што е важно без конзерванси.

Слатко од вишни

Слаткото од вишни е омилено на многумина од нас, а сезоната на вишни е во полн ек! Домашно приготвените сок, мармалад, компот и слатко од вишни без конзерванси, редовно се припремаат секоја година и се задолжителни на рафтовите во нашата зимница. Овај пат ви го споделуваме рецептот за слатко од вишни на нашата пријателка Лана, кој е објавен на блогот Kuhinjica Mignone. Слаткото совршено се вклопува во сладолед, палачинки и голем број на десерти.  

вишни

Вишни – овошје со небројни придобивки за здравјето

Посакуваната темно црвена вишна (lat. Prunus cerasus) потекнува од Северна Индија и Иран, и е многу популарна уште од дамнешните времина. Персијците и Римјаните ја обожавале. Потоа со освежителните вишни ги запознале и Британците за да се прошират низ целиот свет. Според будистичките преданија дрвото вишна и ги понудило своите плодови на Маја, мајката на Буда, да биде здрава и сита за време на бременоста. Легендата се смета за логична, бидејќи вишната го негува организмот и му дава чувство на ситост.