Со само 20 минути ангажман до 4 порции кремасто пире со јаткаст вкус! Времето на чекање не го сметаме, бидејќи за тоа време може да уживате во нешто друго како на пример омиленото кафе.

Ги подобруваме вашите кулинарски вештини! Овој пат споделуваме корисни совети за подготовка на печени свински ребра. Што е најважно при подготовката? Дали треба претходно да се маринираат или зачинат? На која температура треба да се печат? – Продолжете со читање и дознајте ги малите трикови кои прават големи промени и го подобруваат вкусот на месото. А сочни печени ребра секој би сакал да проба, зарем не?
Малите совети кои прават големи промени во вкусот на јадењата се секогаш добредојдени! Можеби многу пати сте се запрашале зошто месото на скара не е подготвено рамномерно, суво е или има непријатен вкус. Или пак сакате да знаете како да подготвите пилешко месо со крцкава кора? – Прочитајте ги најдобрите кулинарски трикови за подготовка на месо, кои ќе ви помогнат да станете вистински експерт.
Сосот за скара е вкусен и може многу лесно да се искористи за подобрување на вкусот на пилешкото или на било кое друго месо по ваша желба. Додека маринадата се користи најчесто за да го омекне, сосот за скара се впива во пилешкото, па тоа е повкусно и посочно. Токму тоа, нè инспирира да ви кажеме што ново пробавме! – Направете си маринирано пилешко месо со сос за скара и уживајте во една поинаква димензија на вкусови и сочност кои не може да ги постигнете со стандардна маринада.
Дали често имате метален вкус во устата? Оваа состојба е многу почеста отколку што мислевте и не сте сами. Металниот вкус во устата може да укажува на некои сериозни заболувања како што се проблеми со бубрезите или црниот дроб, не дијагностициран дијабет или одредени видови на канцер. Но, најчесто овие заболувања се придружени и со некои други симптоми.
Tоплите денови ја будат желбата за ладни кремасти десерти, па со право може да се каже дека и најжешките денови полесно поминуваат со топче вкусен сладолед. Така се инспириравме да ви дадеме идеја за да си направите домашен кремаст сладолед со вкус на лимон, кој убаво ќе ве освежи во топлите денови.
Кај нас најчесто како зачини за колачи се користат циметот и каранфилчето, но има уште многу други зачини кои може да се искористат за таа намена и на секое колаче да му дадат посебна арома и вкус. Ви претставуваме две мешавини на зачини за суви колачи и бисквити кои ќе ве претворат во вистински мајстор во кујната и ќе направат за вашите колачи со сигурност надалеку да се зборува.