Парадентоза или правилно и стручно парадонтитис, претставува воспаление на гингивите – забното потпорно ткиво, лигаментите и коските. Оваа болест на непцата е доста често застапена, а за тоа покрај генетски предиспозиции се јавуваат уште многу дополнителни причини кои можат да ја предизвикаат или влошат, па навременото превенирање, лекување и континуирана хигиенска нега се клучни за што подолго одржување на здравјето на непцата.
